Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Варвициотис: Ветото не е нешто што лесно се става во Европа
Политика

Варвициотис: Ветото не е нешто што лесно се става во Европа

август 9, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Не би рекол дека ветото е нешто што лесно се става во Европа, но она што може да се направи е секојдневен притисок на патот до членство во ЕУ“, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервју за
грчкиот портал „GRTimes“, во однос на тоа дали Атина би ја блокирала европската интеграција на земјава и во кој случај би можела да стави вето.

„Ако нашите односи се влошат, ако не се почитува духот на добрососедски односи, ако постои суштинско прекршување на условите на договорот што го имаме потпишано, ако постои една сериозна промена во врска со функционирањето на владеењето на правото, на демократијата во соседната земја. Не би рекол дека ветото е нешто што лесно го ставаш во Европа. Но, она што може да се направи е секојдневен притисок, бидејќи патот кон Европа на сите останати балкански земји не е лесен тек и преговорите нема да бидат шест месеци или една година. Ќе траат многу години, можеби и деценија за да ја поминат портата на Брисел и да седнат на иста маса во Европскиот совет“, објасни Варвициотис.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, алтернативниот шеф на грчката дипломатија, во однос на Договорот од Преспа го повторува ставот дека владејачката Нова демократија направила сѐ што можело за да не биде потпишан и ратификуван, објаснувајќи дека ревизија на Договорот не е изводливо решение и потенцирајќи дека „Грција е земја која ги брани меѓународното право и меѓународните договори“.

„Кога (Грција) од другите бара да го почитуваат нивниот потпис, така и самата мора да го почитува нејзиниот потпис. Промена, ревизија на Договорот од Преспа, не е ниту лесен процес, ниту во овој процес Грција би дошла со силни оружја на маса. Нејзините силни оружја беа ветото за членство во НАТО и Времената спогодба која предвидуваше дека нашата соседната земја, во сите меѓународни организации ќе биде призната како Поранешна југословенска Република Македонија. Овие работи ги изгубивме со Договорот од Преспа. Речиси се завршува интеграцијата на Скопје во НАТО и секако веќе не е во сила Времената спогодба. Според тоа, ревизијата не е едно од изводливите решенија. Не е да го поништиме. Она што треба да направиме е чекор по чекор во европскиот тек на земјата, да се обидеме да го подобриме“, објаснува алтернативниот министер за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкиот портал.

Во истиот контекст, Варвициотис како пример споменува дека турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, иако не се согласува со Лозанскиот договор, сепак не го поништува.

Варвициотис смета дека аргументот на претходната грчка Влада, дека е придобивка што Грција го надгледува воздушниот простор на Северна Македонија и не е толку важен, бидејќи Атина истото го прави и со Албанија откако во 2009 таа земја стана членка на НАТО.

„Бидејќи Албанија нема воени авиони, од 2009 грчкото Воено воздухопловство има обврска да го надгледува албанскиот воздушен простор. Мислам дека имаме потрошено некои 10-тина милиони евра, толку беше цената на целиот овој случај и е елемент од нашите НАТО обврски. Што прават воените авиони, за да биде појасно: Во случај некој авион, да престане да емитува сигнал, да не може да се најде на радарот
или да се изгуби од воздушниот простор, а се наоѓа над Скопје, тогаш ќе се крене грчки воен авион да види што се случува“, објаснува Варвициотис.

За производите, трговските ознаки и брендот Македонија, алтернативниот министер за надворешни работи на Грција вели дека претходната Влада, една година не направила ништо „за да ги поддржи македонските производи и не инвестирала воопшто во брендот Македонија“, а сега тие треба да најдат решение за бизнисмените од северна Грција, со цел нивните „македонски производи да се наоѓаат на полиците во целиот
свет“.

Говорејќи за Солун и за северна Грција, алтернативниот шеф на грчката дипломатија вели дека неговата мајка потекнувала од грчката Македонија, додавајќи дека се чувствува оти „во неговата крв тече крв на Македонец“, изјава што воедно е и насловот на интервјуто за солунскиот информативен портал „GRTimes“.

актуелно Варвициотис вето Европа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.