Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Варвициотис: Го контролираме правилното спроведување на Договорот од Преспа
Македонија

Варвициотис: Го контролираме правилното спроведување на Договорот од Преспа

август 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис на неговиот официјален Твитер профил, обраќајќи се до „оние кои замислуваат тајна дипломатија“, ги објави во целост писмата што си ги размениле со вицепремиерот Бујар Османи.

Алтернативниот шеф на грчката дипломатија коментира дека нивниот став за Договорот од Преспа е непроменет и додава дека тие го контролираат правилното спроведување и ќе извршат притисок за ублажување на условите на договорот во корист на грчките национални интереси, jави дописничката на Утрински Весник од Атина.

– За оние кои замислуваат тајна дипломатија, ги објавувам писмата. Нашиот став за Договорот од Преспа останува дека е договор со недостатоци потпишан од претходната влада и ја обврзува нашата земја. Спроведувањето на Договорот повлекува почитување на обврските што ги презеде соседната земја (промена на симболи, именување, статуи и сл.). Ние го контролираме правилното спроведување на Договорот од Преспа и ќе извршиме притисок за ублажување на условите на договорот во корист на националните интереси, напиша Варвициотис на Твитер, објавувајќи ги двете писма. И она од вицепремиерот со честитка за преземањето на функцијата алтернативен МНР на Грција и одговорот испратен до Османи.

Алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција, задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис, преку писмото од 21 август годинава испратено до вицепремиерот Бујар Османи, како одговор на честитката за преземањето на функцијата, најави поддршка за европските интеграции на земјава, нагласувајќи дека императив е целосната имплементација на Договорот од Преспа.

-Процесот на европски интеграции на земјите од Западниот Балкан претставува стратешки приоритет на Република Грција, со оглед на тоа дека веруваме дека тоа би придонело за поттикнување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот. Во таа насока, ние го поддржуваме и процесот на евроинтеграција на Република Северна Македонија, во согласност со предвидените услови и на основа на сопствените заслуги, за што целосната имплементација на Преспанскиот договор претставува императив, пишува алтернативниот МНР на Грција во писмото до вицепремиерот.

Варвициотис го прифаќа предлогот на Османи за одржување билатерална средба.

Претходно, вицепремиерот на Северна Македонија преку писмо му ја честиташе функцијата на Варвициотис и изрази надеж за продолжување на соработката.

-Република Грција, како наш сосед и близок пријател е клучниот поддржувач на евроинтеграцијата на Северна Македонија и до сега има придонесено многу на нашиот интегративен пат. Искрено се надевам дека ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите билатерални односи во сите области од заеднички интерес, му напиша Османи на Варвициотис.

На објавувањата на двете писма му претходеа коментари во дел од грчките медиуми, но и изјава од поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник и надлежен за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос, кој како што претходно објави Утрински Весник, рече дека го поздравуваат писмото за строго придржување кон Договорот од Преспа и поддршка за европската перспектива на соседната земја, но и најави дека опозициската партија ќе побара писмото да биде објавено во Парламентот.

-Го поздравуваме писмото што, според новинарски информации, го испрати алтернативниот министер за надворешни работи до неговиот колега од Северна Македонија за строго придржување кон Договорот од Преспа и поддршка за европската перспектива на соседната земја. Со интерес ги очекуваме објаснувањата на господинот министер до оние кои веруваа во предизборната демагогија на Нова демократија за отстапки во врска со договорот. СИРИЗА, ќе побара, писмото да се достави во Парламентот, врз основа на членот 133 од Правилникот, рече Катругалос во пишаната изјава.

актуелно варвицитиотис Договор контрола преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.