Македонските претставници во Лига Европа, Вардар и Шкендија, на денешната ждрепка во Нион добија тешки противници.
Вардар, во конкуренција на Ајакс (Холандија), Лудогорец (Бугарија), БАТЕ Борисов (Белорусија), Динамо Загреб (Хрватска) и Макаби Тел Авив (Израел), го извлече турски Фенербахче.
Тетовчани, пак, ќе играат против Милан.
Според денешната ждрепка, Вардар и Шкендија ќе бидат домаќини во првите натпревари.
Првите средби се на 17 август, а реваншот е на 24 август.









