Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вардар го „угаси“ Фенер
Фудбал

Вардар го „угаси“ Фенер

август 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рапсодија во бело на „Шукру Сарачоглу“ стадионот во Истанбул. Вардар со уште една победа го елиминира Фенербахче, овој пат со 2-1, и со вкупни 4-1 го елиминираше силниот противник, па утре ќе се најде во ждрепката за групната фаза од Лига Европа.

Скопските црвено црни испишаа историја, го победија големиот Фенербахче и ќе се натпреваруваат во групната фаза од едно големо европско натпреварување.

Чеде Јаневски во натпреварот влезе со три замени, од кои една принудна поради црвениот картон на Грнчаров. Дарко Велковски го зазеде неговото место, Брдаровски беше во составот на местото од Демири, а Џигаури наместо Којашевиќ.

Вардар се одлучи за дефанзивна игра, момчињата на Јаневски со многу пожртвуваност и дисципилнирана игра му се спротивставуваа на противникот.

Во првото полувреме Фенербахче имаше неколку полушанси, но ниту еднаш посериозно не го загрози голот на Гачевски.

Најдобрата шанса за Вардар во првото полувреме ја имаше Барсегјан во 41. минута, кога по додавањето од Хамбарѕумјан се најде во идеална можност, биеше, но ја погоди стативата од голот на Камени.

Во второто полувреме Фенербахче тргна поенергично кон голот на Вардар. Во 53. минута Туфан од идеална позиција биеше со глава, но Гачевски беше на вистинското место.

Во 61. минута домаќините поведоа со 1-0. По корнер, Шкртел со глава спушти до Нојштатер кој постигна гол за водство на Фенербахче.

Но само седум минути подоцна Вардар ги замолкна домашните навивачи. Џигаури најдобро се снајде во голманскиот простор на домаќините и ја „протна“ топката во мрежата на Камени за израмнување на 1-1.

Во 71. Вардар можеше да поведе, Барсегјан се најде во одлична можност, шутираше, но овој пат пречката беше сојузник на Камени.

Вардар имаше прилики преку Барсегјан, Фелипе, Спировски, но Камени беше на висина на задачата.

Тоа што не им успеа Барсегјан, Фелипе и Спировски, му појде од рака на Николов. Тој во последните моменти од мечот постигна гол за победа на Вардар од 2-1!

Вардар Истанбул Лига Европа Фенербахче Чеде Јаневски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига

септември 2, 2026

Кристијано Роналдо ја игра последната сезона

август 17, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.