Оливер Вархеји, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел на Твитер ја поздравија денешната одлука на Собранието за заклучоците за францускиот предлог.
Еврокомесарот за проширување, Вархеји, напиша дека го поздравува гласањето во Собранието, што на Владата и дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог.

„Се радуваме на отворањето на пристапните преговори во вторник кога ќе се сретнеме во Брисел за првата Меѓувладина конференција“, напиша Вархеји.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел порача дека денешното гласање го поплочува патот за одржување на Меѓувладина конференција идната недела.

„Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце“, напиша Мишел на Твитер.
И Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја поздрави одлуката на македонскиот парламент за изгласаните заклучоци за францускиот предлог.









