Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вевчанските василичари преку хуморот ја отсликаа состојбата во Македонија
Забава

Вевчанските василичари преку хуморот ја отсликаа состојбата во Македонија

јануари 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Театар на отворено без сценарио и режија. Вака викендов наликуваше Вевчани. Општина од само едно населено место, лоцирана во западниот дел на Македонија, наделеку позната по Вевчанскиот карневал.

На сатиричен начин вевчанци, организирани во две групи Горна и Долна маала, ги отсликаа и исмејаа случувањата во државата, но и во светот изминатата година. Промената на уставното име на Република Македонија и актуелната политичка состојба, очекувано кај публиката беа главна инспирација за вевчанци. Креативните василичари дури изградија и ѕид со Северна Македонија, а на тапет беа и осуммината пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, кои гласаа за уставните измени наречени „8-те величествени“. Низ вевчанските улици поминаа и комисиите за доделување Нобелова награда за мир, за која е номиниран премиерот Зоран Заев, како и за скок во далечина за поранешниот приемр Никола Груевски.

Креативните василичари се пошегуваа и на сметка на минималната плата од 500 евра, странските инвестиции, законите за родителски додаток и за прво, второ и трето дете. Тие имаа формирано и „олимписки комитет за пиење“, а се гушеа и од „загадениот воздух“ од политичката клима.

Ниските температури и снегот не ги поколебаа вевчанци и стотиците домашни и странски туристи да излезат на улиците и да ја почуствуваат магијата на маските, хуморот и сатирата.

Традиционални и актуелни маски Зетот, невестата, ѓаволите и глупавите августи се традиција на Вевчанскиот карневал и неизоставен дел од неговите почетоци. Креативноста и возбудата секоја година се препушта на актуелните маски инспирирани од секојдневието.

Според традицијата, зетот и невеста симболизираат плодност, продолжување на семејството, ѓаволите се обидуваат да го победат човекот и глупавите Августи, кои имаат најтешка задача, со своите крикови и потези што ги манифестираат секогаш во улога на заштитиници се околу зетот и невестата.

За веселбата се задолжени музикантите, кои постојано се во нивна близина. Вевчанци 12 месеци ги планираат маските со својата оригиналност и неповторливост. Тие ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе бидат маскирани. Маските ги изработуваат рачно со современи материјали, но користат и кожи од животни што е дел од традицијата, а некогаш дури и животни.

Со хумор и сатира дочек на Нова година.

Со традиција од околу 15 века, преку интересен спој на паганското и модерното на 13 јануари вевчанци ја испраќаат старата и ја дочекуваат Новата година по Јулијанскиот календар. Маскирани, василичарите на уникатен и неповторлив начин ги бркаат злите духови и преку хумор и сатира ги прикажуваат настаните што ја одбележале изминатата година. На далеку познатиот Вевчански карневал со своите специфични особини, уникатност и неповторливост е единствен и се разликува од другите карневали во светот.

Се празнува на 13 и 14 јануари на христијанскиот празник Свети Василиј
Велики, а се претпоставува дека постои од настанокот на населбата. Во
последно време карневалските чествувања почнуваат од 12 јануари.

Годинава манифестацијата почна со отворање на изложбата на уметнички фотографии „Маски и асоцијации“ на Анастас Ќушкоски. Снегот и ниските температури и до минус 12 степени целзиусови не ги поколебаа вевчанци и многубројните гости да присуствуваат на вечерната забава, која почна со Културно уметнички работници, а атмосферата ја загреаа настапите на рок групата „Архангел“ и музичката легенда Ненад Милосављевиќ од групата „Галија“. Забавата продолжи до раните утриснки часови со музичкиот избор на диџеј Рутбој.

Новата година вевчанци и многубројните посетители ја дочекаа со настап
на групите „Баклава“, Кате и Нели ти реков, Џубокс бенд и оркестарот
Зурли и тапани.

Бркање на злото и пораки за бериќетна година Преку маските вевчанци испраќаат силни пораки за среќна и бериќетна година, но и бркање на злите духови од општеството. Најчесто поединечните, но и групните маски се инспирирани од политичките и општествените случувања, кои василичарите ги чуствуваат како зло. На сатиричен начин василичарите сметаат дека ги бркаат тие зли сили, но и испраќаат пораки до нив со надеж за подобро утре.

 

На тапет биле видни имиња од претседатели на држави, премиери, пратеници…, но за содржината на маските никој не се лутел. Тоа, според некои политичари, е мотив плус да размислат подлабоко и да ја согледаат и другата страна за состојбата.

Со традиционалното палење на маските и василичарското оро во понеделникот завршија карневалските случувања, а со тоа се верува дека е избркано злото.

Се претпоставува дека карневалот постои од настанокот на Вевчани. Претставува интересен спој на паганското и модерното, а василичарите се уникатни и неповторливи и со своите специфични особини е единствен и се разликува од другите карневали во светот.

 

 

Слаѓана Стојкова Костоски

вевчански карневал маски ниски сатира температури хумор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026

Месечен хороскоп за октомври 2026: Дознајте што ви носат ѕвездите на полето на љубовта, работата и здравјето

октомври 2, 2026

Шестгодишно девојче од Кина го собори женскиот светски рекорд во местење Рубикова коцка

септември 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.