Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вевчанци се мајтапат со политичарите
Култура

Вевчанци се мајтапат со политичарите

јануари 13, 2020Updated:јануари 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вевчани и вевчанци и оваа православна Нова година ја дочекуваат на својот препознатлив начин – со традиционалниот Василичарски карневал, најуникатната културна манифестација во земјата.

– Вевчани буквално живее за овој карневал. Ова е отворен театар без режија, без однапред утврдено сценарио барем кога се работи за маските. Вевчанци се инвентивни, познати шегобијци, нивното осило боде со сарказам. Очекувам и оваа година да биде така, ништо чудно нема да биде доколку и себеси се препознаам од онаа страна на огледалото – рече градоначалникот Сашо Јанкоски пред самиот почеток на главното дефиле под маски.

Со традиционалната посета на „зетот и невестата“ на градоначалникот почнаа возбудувањата на годинешниот карневал под маски. Василичарите од Горно и Долно маало формираа поворка со неколку стотини маски што ги претставија пред бројните гости на сретсело. Тие Старата нова 2020 година ќе ја дочекаат парадирајќи низ сокаците на селото и со посети на сите домаќинства чии порти овие карневалски дена се ширум отворени за сите гости.

Централната поворка почна во 14 часот, кога низ улиците на селото под Јабланица продефилираа илјадници најразлични маски, креатури кои жителите на Вевчани трпеливо ги изработувале, со единствена цел – да се насмеат и забават гостите, но и исмее одбрана личност, настан или каква било ситуација од секојдневието што ја одбележаа сега веќе старата 2019 година.

Дека навистина мајтапчискиот дух на вевчанци не простува се виде и денеска. Меѓу василичарите оваа година ги видовме традиционалните маски како Глупавиот Август, музичарите, но и Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Боки 13, како и Трамп, Макрон, а од настаните – пожарите во Австралија, „Жолтите елеци“ и друго.

Карневалот во Вевчани и оваа година го следеа неколку илјади гости од целата земја, но и од странство, претставници од јавниот живот, политичари, членови на дипломатскиот кор во земјата, бројни локални и национални медиуми, но и репортажни екипи од странство.

За вевчанци Новата 2020 година пристигнува на 14 јануари, а тоа правило го почитуваат и гостите. Жителите на Вевчани знаат како се пречекува гостин, со вино, греана ракија, мезе, сето зачинето со шега и насмевка. Денот на Свети Василиј, заштитиникот на Вевчани и на василичарите, утре ќе биде одбележан со вевчанското оро и ритуалното палење на маските. И веднаш уште тука почнуваат плановите за наредното карневалско издание.

 

 

 

ИЗВОР: МИА

актуелно Вевчани карневал
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.