Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Велешкото езеро Младост станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава
Економија

Велешкото езеро Младост станува прва иновативна туристичка дестинација во земјава

август 13, 2020Updated:август 13, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На велешкото езеро Младост се спроведува проект за локална и регионална конкурентност за подобрување на туристичката понуда.

Со Проектот за локална и регионална конкуретност (ЛРЦП), со вкупна вредност од 62 милиони денари од кои 55,5 милиони денари се грант, а останатите се обезбедени од општината, Младост станува „смарт езеро“ коешто ќе биде прва иновативна туристичка атракција во земјава.

Езерото Младост денеска го посетија вицепремиерката за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Мачевски, преставникот на Европската комисија Никола Бертолини и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

„Преку оваа програма за поддршка на компетитивноста и економскиот локален развој навистина имаме можност да видиме дека со инвестиции преку локалната самоуправа и со поддршка од ваков тип на проекти создаваме атрактивни локации коишто секако ќе бидат посетени од домашни посетители, но и од странски посетители. Со воведувањето на овие паметни елементи во опркужувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди коишто исто така се управуваат преку одредени паметни модели сметам дека се олеснува на општините менаџирањето со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни. Нивната значајност не е само заради тоа што тие стануваат актрактивни и ќе бидат посетени од повеќе посетители, туку директно влијаат и на економскиот развој, но со тоа директно влијаат и на регионалниот развој којшто е за нас како влада навистина значаен“, рече Царовска.

Таа посочи дека Владата во изминатите три години внимавала сите региони подеднакво да добијат финансиски средства и можност за развој и со тоа да влијаат граѓаните да останат во местата каде што живеат.

Царовска се заблагодари до ЕУ и делегацијата за поддршката на проектот и до Светска Банка којашто е партнер за имплементација.

Министерот Манчевски истакна дека ова е извонреден пример како дигитализацијата, како интернетот на нештата може да се примени и во рурални средини и во туристички места, секаде онаму кадешто може да ги користиме придобивките од дигитализацијата.

„Дел од овој проект се и елементи на паметно езеро, како што не извести градоначалникот и имплементаторите на проекти тука ќе има паметни велосипеди, паметни клупи, паметен паркинг. Сето ова ќе им овозможи на граѓаните многу полесен начин да ги користат бенефитите на оваа туристичка атракција, што води кон главната порака на она што сакам да го кажам а тоа е дека точно е дигитализацијата помага и во отворање на нови работни места и на справување со КОВИД-19 и на зголемување и помагање на локалната економија, но ние мораме тоа да го правиме и на централно ниво“, рече Манчевски.

Тој најави дека во иднина државата ќе инвестира во национална платформа за паметни градови со што секој помал град, туристичко место, секое помало, па дури и село кое ќе сака да имплементира елементи на паметни солуции во својата туристичка понуда, во организацијата на паркингот, во осветлувањето ќе може тоа да го направи на еден многу полесен начин.

Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерката Царовска, преставникот од ЕУ, Бертолини истакна дека Европската Унија константно го помага регионалниот развој.

„Вашата земјата започна преговори со Европската Унија. На земјата и е потребна поддршка за развој, да им се даде работа на бизнисите како и да се овозможи вработување на луѓето. Овој проект е дел од многу интересна програма којашто овозможува многу проекти во целиот регион и е воедно директен одговор на последиците од кризата од пандемијата затоа што само со инвестиции и со кредибилитет државата ќе продолжи понатаму. Туристичкиот сектор кој беше најмногу погоден од кризата може да смета на нашата поддршка“, рече Бертолини.

Градоначалникот Коцевски изјави дека во конципирање на проектот учествуваа сите фирми покрај крајбрежјето на езерото Младост, хотелите, рестораните, винариите и бродот којшто е лоциран на езерото Младост.

„Очекувам преку овој проект да се создадат многу работни места. Езерото Младост е вештачко, но е така добро склопено во просторот што претставува една целина. Езерото и без тоа е примамливо за туристи како од земјата така и од странство“, рече Коцевски.

За него од особена важност е привлекување на странските туристи кои во текот на годината одат во Грција и на север кон Србија.

„Се надевам дека ќе успееме во тоа. Проектот содржи 18 подпроекти. Во наредниот период останува да се набават смарт елементите и со тоа мислам дека ќе дадеме еден добар пример на останатите оштини во земјата во кој правец треба да се развиват општините и градовите“, рече градоначалникот на Велес.

Досега преку ЛРЦП се потпишани договори за вкупно 61 проект, 25 се целосно реализирани, а 36 се во тек на реализација. Меѓу позначајните проекти се целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола, реконструкција и пренамена на стар објект во мултимедијален центар во Општина Вевчани, изградба на вештачка планинарска карпа и поставување на друга урбана опрема во Крушево, изградба на адреналински парк во Карпош и уште неколку други прокети со кои се придонесува за поголем и побрз развој на езерскиот, винскиот и екотуризмот низ државата.

велешко езеро „Младост“ туристичка дестинација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Расте цената на нафатата

ноември 13, 2026

Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ

ноември 12, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.