Велика Британија размислува за задолжителна хемиска кастрација за некои сексуални престапници со цел да се намали ризикот од повторување на кривично дело и да се олесни пренатрупаноста во затворите, изјави денеска министерката за правда Шабана Махмуд.
Проектот, кој сè уште е во фаза на планирање, се заснова на експеримент започнат во 2022 година во неколку затвори во југозападна Англија, каде што се нудат третмани за сузбивање на либидото на доброволна основа.
Предлогот е една од неколкуте опции наведени во независен извештај за казните на престапниците објавен денеска, во кој се проценува дека земјата ќе има недостиг од 9.500 затворски места до почетокот на 2028 година. Министерот им порача на пратениците дека се испитува можноста таа мерка да стане задолжителна.
Според неа, покрај хемиската кастрација, неопходен е и психолошки третман, особено на насилниците кои повеќе се мотивирани од потребата за моќ или доминација отколку од сексуалната желба. Хемиската кастрација на сексуалните престапници се користи во многу земји, вклучувајќи ги Полска, Русија, Јужна Кореја, Германија и неколку американски држави.
Во Франција тоа го препишува лекарот, а не кривичните судови.







