Плоштадот Свети Марко во Венеција денеска повторно е поплавен и затворен за јавност, откако градот го погоди плима висока 150 сантиметри што е трето највисоко ниво некогаш забележано.
Со четири плими над 140 сантиметри од понеделникот, оваа недела беше најлошата од почетокот на мерењето на плимата во Венеција од 1872 година.
Градоначалникот Луиџи Бруњаро проценува дека штетата од поплавата во градот од вторникот е околу една милијарда евра.
Градскиот центар за предвидување на плима предупреди дека плимата во градот, кој во вторникот се соочи со најлоши поплави во изминатите 50 години, денес би можела да достигне и 160 сантиметри.
Илјадници доброволци им помагаат на граѓаните во поплавениот град.
Плоштадот Свети Марко повторно е затворен, само еден ден откако на туристите и жителите на Венеција им беше дозволена да влезат на него.
Изградена на низа мали острови, Венеција е посебно чувствителна на комбинација на повишено ниво на морето , климатските промени и востановеното проѓагање на градот в земја.
Според градската служба за следење на плимата, нивото на морето околу Венеција е 10 сантиметри повисоко отколку што било пред 50 години.
Властите во Фиренца и Пиза денеска со посебно внимание го следат водостојот на реката Арно, кој брзо порасна во текот на ноќта заради обилните врнежи на дожд.