Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Венко Филипче избран за министер за здравство
Во Фокусот

Венко Филипче избран за министер за здравство

декември 25, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со 62 гласа „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“ Собранието попладнево го избра д-р Венко Филипче за министер за здравство.

Премиерот Зоран Заев пред пратениците образложи дека поради локалните избори, а заради правото на избор на тогашниот министер за здравство Арбен Таравари да биде кандидат за градоначалник му престана мандатот и оти  за нов член на Владата кој ќе раководи со ресорот здравство  го предлага Венко Филипче.

„Се надевам дека денеска Парламентот ќе донесе одлука за избор на министер со што Владата би била комплетирана“, наведе Заев.

Новиот министер за здравство, д-р Венко Филипче (Скопје, 1977), дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, специјализација по неврохирургија почнал во 2003 година а ја завршил во 2008 година. За асистент на Медицинскиот факултет во Скопје е избран во 2004 година, магистрирал во 2011 и докторирал во 2015. Оваа година е избран за доцент на Медицинскиот факултет.

Се усовршувал во неврохируршките центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих. Во 2012 година завршил фелоушип  по интервентна неврорадиологија со што станал прв неврохирург во околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на Клиниката во Скопје.

Публикувал во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата. Секретар е на Македонското неврохирушко здружение и на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа.

Бил покануван за предавач на конгреси организирани од различни асоцијации од областа на медицината и од неврохирургијата во Европа и во  светот. Оженет и татко на еден син. 

На 27. седница на Собранието за министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата на Ромите е избран Аксел Ахмедовски, кој доаѓа на местото на Самка Ибраимовски. Воедно Собранието го разреши Власте Димковиќ од функцијата заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и на негово место го именуваше Благе Цветковиќ. За заменик-министер за образование, пак, е избран Арбр Адеми.

На почетокот на седницата беа констатирани оставките на претседателот на Државната изборна комисија Александар Чичаковски, потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца, како и на членовите на ДИК Атанас Урумов, Игор Милев, Субхи Јакупи, Виолета Дума, Сашо Срцев и Силвана Бонева.

Ним, како што наведе претседателот на Собранието Талат Џафери, им престанува функцијата и ангажманот во ДИК на лично барање, а пред истекот на мандатот.

Белград венко Грац ДИК Европа здравство истамбул собрание филипче Цирих
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026

Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО

септември 25, 2026

Околу седиштето на ОН илјадници полицајци распоредени за време на Генералното собрание во Њујорк

септември 23, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.