Денеска во велешкиот суд денеска има ново рочиште за анестезиологот и двајцата гинеколози од гевгелиската болница кои се обвинети за смртта на родилката во Гевгелија и нејзиното новороденче.
Обвинителството ја запре истражната постапка против другиот анестезиолог кој во меѓувреме почина. На денешното рочиште пред судот за прв пат се појавија вешти лица од Институтот за судска медицина.
Според она што го кажа едно од вештите лица смртта кај родилката настапила насилно, како резултат на задушување, најверојатно од процесот на интубација.
Случајот предизвика бура од реакции во јавноста поради фактот дека двајцата анестезиолози биле пијани за време на породувањето.
Родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче починаа пред две години.







