Автобусите на Нехар турс, кои се упатиле кон Црна Гора, со полициска придружба биле вратени од граничен премин во 3 часот по полноќ. Возачите одбивале да се вратат, но на крајот се согласиле да ги свртат автобусите и да ја следат полициската придружба која постапила соодветно со мерките на Владата за заштита од корона вирусот.
Сопственикот на Нехар турс не сакал да го одложи патувањето и по долгите убедувања од неколку совесни патници кои сакале да ги испочитуваат мерките на Владата во врска со корона вирусот.
Според информациите, сопственикот и неговиот син дури ги убедувале патниците дека патувањето мора да се реализира и не сакале да им ги вратат парите, пренесе Фронтлајн.