Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето променливо и облачно со локален дожд

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
  • За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија
  • Студентите прогласија победа на изборите во Србија
  • Вучиќ призна пораз
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (ВИДЕО) Заев: Ќе бидам премиер на сите граѓани
Македонија

(ВИДЕО) Заев: Ќе бидам премиер на сите граѓани

март 10, 2017Updated:март 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Законот за јазиците ќе се донесе за сите граѓани полесно да функционираат во институциите, во согласност со Уставот. Тоа е дел од нашиот концепт на едно општество, Македонија ќе се гради како граѓанска држава за сите што живеат во неа, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција на која ја презентираше програмата на новата реформска Влада што ќе ја формира новото парламентарно мнозинство.

– Законот за јазиците не ја нарушува унитарноста на Македонија и ќе го заштитува македонскиот јазик и неговата употреба. Ќе поддржиме јазична политика во согласност со потребите на граѓаните, ќе се прошири законот во поглед на употребата на јазикот што се зборува на најмалку 20 отсто од населението во институциите според членот 5 од Уставот. Ако некој граѓанин зборува на мајчин јазик, не губат другите граѓани, а добива Македонија. Лага е дека сите ќе мора да учат некој јазик и дека во спротивно ќе треба да плаќаат казна – објасни Заев и додаде дека казни постојат и сега во законот за јазиците, но за инстиуциите што не го почитуваат законот.

Тој истовремено најави и серија активности за унапредување на граматиката, речникот и воопшто на македонскиот јазик, нешто кое, како што рече, нивниот политички противник сосема го запоставил во годините поминати на власт.

Заев посочи дека е оневозможен програмата на новата влада да ја презентира во Собранието, па затоа го прави тоа на прес-конференција. Програмата на идната влада се темели, како што рече, на предизборната програма на СДСМ насловена „За живот во Македонија“, како и на предизборните програми на партиите што се дел од новото парламентарно мнозинство. Таа не ги доведува во прашање унитарноста и суверенитетот на Република Македонија.

Ќе бидам премиер на сите граѓани. Нема веќе поделби, реваншизмот мора да запре. Македонија мора да оди напред. Секој од нас е еднакво важен, Зоран Заев.

Тој посочи дека го слушнал и гласот на луѓето од улиците и ја разбира нивната загриженост, па ја презентира програмата за да ги отфрли сомнежите што ги наметнува досегашната власт со цел, како што рече, да ја продлабочи кирзата и да ја избегне одговорноста за криминалите.

„Нашите стратешки цели се подобар живот на сите граѓани, развој на економијата, враќање на демократијата, владеење на правото и правдата, интеграција во ЕУ и НАТО. Република Македонија ќе биде на сите граѓани, нема веќе поделби на блиски и неблиски со власта, цврсто сме определени да градиме едно општество на сите граѓани од сите етнички и верски заедници. Ќе овозможиме секој граѓанин да дејствува слободно, а не под притисок закани и уцени – рече Заев.“

Парите и униформите на полицијата и војската, се употребуваат на целата територија на Македонија и е спротивно на Уставот да се додава втор јазик на нив, Зоран Заев 

Претседателот на СДСМ потенцира дека новата влада ќе биде реформска за исполнување на стратегиските интереси на Република Македонија. Најави зголемена контрола на буџетот и на трошењето на буџетските пари, независен и ефикасен правосуден систем, еднаков пристап до правдата на сите граѓани, формирање специјално одделение во Основниот суд Скопје 1 за предметите на СЈО, контрола на следењето на комуникациите за кривичните истраги и за безбедносни прашања, атмосфера во која ќе се развиваат слободни медиуми, поефикасен даночен систем, поттикнување на домашните компании…

Најави и расветлување на кумановските настани, а за тоа, рече, ќе побараат и меѓународна поддршка за истрагата, со цел да се обезбеди довербата на граѓаните.

Во поглед на мандатот за составување Влада, Заев најави дека ќе чека Иванов да му го додели.

„Не сакаме да воведуваме нови пракси во Македонија. Затоа сме вака упорни и пред граѓаните и пред господинот Иванов. Сакам да го разубедам господинот Иванов дека нема повеќе платформи и планови, има единствено програма за идна влада на Република Македонија.“

актуелно Заев поделби унитарност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026

Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.