Најмалку четири лица загина, а десетина се повредени во невремето што го зафати северниот и источниот дел на Германија, невремето уриваше дрва и предизвика прекин на сообраќајот.
Властите во Хамбург претходно ги предупредија жителите да не ги напуштаат своите домови.
Откажани се летови од берлинските аеродроми Тегел и Шенефелд. Исто така, откажани се и неколку меѓународни летови од аеродромите во Бремен и Хановер.
Германската железничка компанија „Дојче бан“ соопшти деке е во прекин железничкиот сообраќај во северните провинции Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн и Бремен, како и во Хамбург.
„Дојче бан“ ги откажа и возовите на подолги релации од и до главниот град на Германија, Берлин, каде ветерот достигна брзина од 120 километри на час.
Според Германската метеоролошка служба бурата може да достигне јачина на урагански ветер.







