Просторот пред музејот во Лувр во центарот на Париз, каде што Емануел Макрон планира да ја прослави евентуалната победа, евакуиран е денес после предупредувањето дека е загрозена безбедноста, соопштено е од штабот на кандидатот за претседател на Франција.
Природата на заканата заради која е наредена евакуацијата не е соопштена.
Безбедноста околу Лувр беше зајакната и порано, после нападот во текот на претседателската кампања.
Ако победи кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, прославата е планирано да се одржи во Венсенската шума, на исток на Париз.
Одзивот до попладнето беше 28,23 отсто, речиси на исто ниво како во првиот круг пред две недели.
French police have been called to The Louvre in Paris over a security threat pic.twitter.com/T5bwOskqhv
— Sky News (@SkyNews) May 7, 2017







