Фудбалерите на Реал Мадрид пристигнаа во Скопје и веќе се упатија кон хотелот „Александар палас“ каде што ги чекаат стотици фанови.
Навивачи од буквално сите возрасти го чекаа пристигнувањето на фудалските ѕвезди на Реал Мадрид, а најголем интерес кај фановите на „кралскиот клуб“ предизвикува доаѓањето на еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, чие пристигнување беше неизвесно до последен момент.
Тренерот на Реал, Зинедин Зидан доаѓа во полн состав, вклучувајќи го и Кристијано Роналдо, кој започна со тренинзи пред само два дена, но не сакаше да го пропушти утрешниот натпревар против својата поранешна екипа.
Летот на фудбалскиот тим Манчестер јунајтед доцни.
Пред хотелот „ТЦЦ Плаза“, каде што ќе бидат сместени фудбалерите на Манчестер, веќе е собрана поголема група навивачи, кои ги очекуваат своите омилени играчи.
Поради безбедносни причини околу хотелот има силно полициско обезбедување и не е овозможен пристап до објектот.







