Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Википедија – диносаурусот на некомерцијалниот интернет, одбележува 20-годишнина
Технологија

Википедија – диносаурусот на некомерцијалниот интернет, одбележува 20-годишнина

јануари 15, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
– Википедија, еден од последните „диносауруси“ на слободарското интернет-истражување и изразување, слави 20 години постоење, со неколку предизвици што мора да ги надмине.
Седмата најпосетувана страница во светот, Википедија содржи повеќе од 55 милиони статии на 309 јазици. Википедија е се уште најголемото дигитално јавно добро што ни го дал интернетот – бесплатна енциклопедија и еден од последните „диносауруси“ на бесплатно и достапно изразување.
– Мало чудо во времето на надмоќта на ГАФАМ – големата технолошка петорка составена од Гугл, Епл, Фејсбук, Амазон и Мајкрософт, како и на интернетот заради заработка!, оценува историчарот Реми Матис, поранешен претседател на „Викимедија Франс“.Википедија е основана на 15 јануари 2001 година од Американецот Џими Вејлс со чисто некомерцијални цели, и со идеја – да се собере целото знаење на планетата на една интернет-платформа со помош на милиони доброволци ширум светот кои сакаат да го споделат своето знаење – бесплатно. Успехот дојде исклучително брзо. Првата страница беше на англиски јазик, па потоа во март истата 2001 година се појавија германската и шведската Википедија. А, наскоро потоа, и уште на десет јазика – француски, италијански, кинески, руски, каталонски…Википедија на македонски јазик, своите почетоци ги имаше во септември 2003 година. На неа досега има над 111.300 статии и повеќе од 92.000 регистрирани корисици и уредувачи.Џими Вејлс се надева дека Википедија ќе се прошири и во земјите во развој. – Многу е важно следните милијарди луѓе кои ќе се вклучат на интернет, да сакаат да дадфат свој придонес, рече Велс, посакувајќи Википедија „да трае колку Оксфорд“. 

Енциклопедијата на уредувачи аматери е седмата најпосетувана страница во светот. Содржината на секоја страница е независна. Нагласката е врз оригиналните текстови, засноваи на научни сознанија и факти.

Наспроти традиционалните енциклопедии напишани од реномирани стручњаци, оваа платформа на знаење, составена претежно од аматери – често и анонимни, наиде на големи критики и непријателски тон во некои академски кругови.

– Кога поподробно ќе размислиме на кој начин се следи Википедија, како се додаваат написи и како се разменуваат податоците, сепак можеме да утврдиме дека постои одредено ниво на безбедност и тоа е важно, рече Лионел Барбе од Универзитетот во Париз-Нантер.

Се разбира, тука е проблемот со разновидноста на изворите и темите, и тоа е најзабележително кога станува збор за теми поврзани со земјите во развој. Повеќето автори на Википедија се од западни земји и САД. Реми Матис, автор на „Википедија: Зад сцената на најголемата светска енциклопедија“, објаснува дека енциклопедијата привлекува урбани, високо образовани луѓе

– Дури 80 отсто, ако не и повеќе, од написите на Википедија се напишани од белци, смета Мари-Ноел Дутре од Универзитетот Лион.

Покрај тоа, има несразмерно повеќе биографии за мажи… И покрај се, Лионел Барбе верува дека во времето на надмоќта на ГАФАМ, интернет-енциклопедијата е редок пример на преживеани во доброволната утопија на слободарската мрежа, замислена како „децентрализирана мрежа за споделување на знаењето“.

– Википедија е, сепак, најголемото дигитално добро што ни го даде интернетот, истакнува Барбе.

Џими Вејлс истакнува дека тие не отстапуваат од својата мисија. Нивната цел не е да си ги зголемат приходите. Википедија се уште се финансира од донации, а не од реклами. Мари-Ноеле Дутре смета дека опстанокот на Википедија, како непрофитно добро, е од голем интерес за претежно комерцијалниот интернет.

– Гугл ја промовира видливоста на Википедија, но за возврат ги користи нејзините статии во своите пребарувачи, па така бележи значаен промет – преку енциклопедијата, за себе, објаснува Дутре.

Некои сметаат дека умереноста на Википедија е инспирација кога станува збор за проблемот со масовно ширење лажни вести на социјалните мрежи.

– Сепак, не смееме да веруваме дека Википедија е тоа што ќе не спаси од сопствените демони. Таа останува алатка. Ако сакаме заговори, се сомневам дека Википедија може да не одвлече од тоа, објаснува Барбе.

Токму затоа Википедија се соочува со два големи предизвици: да продолжи да ја поттикнува работата на енциклопедистите и да ги усовршува сопствените содржини и внатрешните бази на податоци на доброволна основа. И се, „во контекст на силниот раст на колективната имагинација“, како што вели Барбе.

20 години википедија диносаурус интернет одбележување
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

По Фолксваген и Мерцедес размислува да произведува оружје

мај 18, 2026

Доаѓа новиот „Ауди Q9“: Откриен дизајнот на ентериерот

мај 14, 2026

„Епл“ се согласи на спогодба од 250 милиони долари за доцнење на ВИ-надградби

мај 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.