Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Виртуозите Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим
Во Фокусот

Виртуозите Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим

мај 26, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вчера во Палата Брачи на Музејот во Рим, во рамки на програмата на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, се одржа заедничка културно – уметничка програма од страна на Mинистерствата за култура на Република Македонија  и Република Бугарија, на која настапија музичките уметници со светско реноме, Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов.

Настанот, на кој присуствуваа и министрите за култура на Република Македонија и Република Бугарија, Роберт Алаѓозовски и Боил Банов, митрополитите на МПЦ Пимен, Јосиф,  бискупот д-р Зоран Стојанов и други видни гости, започна со изложба во музејот „Museo di Roma“ на италијанскиот (венецијански) уметник Каналето (1697-1768), потоа следуваа обраќања на министерот Алаѓозовски и министерот Банов, и на крај музичкиот дел со Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов.

Во обраќањето пред присутните, министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски го истакна неговото задоволството што со автентичниот концерт на добрите пријатели и светски музичари – Влатко Стефановски и Теодoсиј Спасов, го празнуваме Денот на сесловенските просветители  Св.Кирил и Методиј и на тој начин се поклонуваме пред нивното грандиозно дело.

„Нашата земја, речиси пет децении преку манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”  е дел од  глобалното одбележување на неуморната работа на словенските просветители, кои преку својата мисија го поврзаа Истокот и Западот и оставија богато духовно наследство за човештвото. Годинава, задоволството на традиционалното празнување во Рим за нашата земја е уште поголемо, зашто го одбележуваме овој ден заедно со нашите пријатели од Република Бугарија, на највисоко институционално ниво. И низ ова заедничко чествување, ја демонстрираме нашата недвосмислена определба за унапредување на добрососедските односи, продлабочување и интензивирање на соработката во културата и во сите други области. Верувам дека владите на двете пријателски земји ќе продолжат заеднички се залагаат за прогресивни општествени процеси кои ќе обезбедат рамноправни европски перспективи за целиот регион“, нагласи министерот Алаѓозовски.

Тој изрази убедување дека и покрај предизвиците во регионот, како и глобалната политичка слика која станува се посложена и претставува предизвик за целото човештво, Македонија и Бугарија, нашите народи, нашите уметници и културни работници, во духот на заедничките светли традиции и богатото културно наследство, ќе бидат достојни на овие предизвици и ќе работат  посветено на градење на поубава, заедничка иднина и просперитет за сите наши граѓани, во Европа од 21 век.

„Манифестацијата за одбележување на Денот на Св. Кирил, токму во Рим, е уште една потврда дека културната и религиската разноликост се вистинско богатство и предност на секоја земја.Тие се извор на голем креативен потенцијал и мост на меѓусебно разбирање и почитување. Затоа, нашите напори се и ќе бидат насочени кон воспоставување на вистински културен дијалог, во нашата земја, во регионот а и пошироко, преку кој ќе го сочуваме мирот и стабилноста, ќе ги  следиме највисоките идеали на современиот свет и ќе ја испратиме пораката  дека Македонија ѝ припаѓа на модерна Европа и е нераскинлив дел од европското семејство“, рече Алаѓозовски.

Според македонскиот министер за култура, Владата и Министерството продолжуваат со политиките на поддршка, заштита и негување на непроценливото културно и духовно наследство што го имаме, како и со поддршка на високите вредности во уметноста и нивна афирмација во светот. Културата не познава граници, рече Алаѓозовски, токму затоа што големите и вистински уметници во практика ги применуваат политиките за културен дијалог и зближување меѓу народите, претворајќи се себеси и нивните дела во мостови за меѓусебно разбирање и комуницирање и платформи за изградба на нови, заеднички културни и естетски вредности.

„Вечерва, во духовното средиште на светската култура и цивилизација, пред нас ги имаме виртуозите Стефановски-Спасов, кои посветија голем дел од нивното творештво градејќи такви мостови на соработка, врвни артисти кои постојано ја истражуваат, ја надополнуваат и ја збогатуваат музичката традиција на двете земји, создавајќи нова богата музичка слика која во светот го проектира духовното богатство на регионот“, истакна Алаѓозовски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден, македонската делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, оствари средба со Папата Франциск и со државниот секретар Пјетро Паролин, во Светата Столица во Рим. На средбата Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и Папата Франциск разговараа за длабоко вкоренетата традиција на меѓурелигиска толеранција, почитување на разни верски убедувања и негување на верските слободи во Република Македонија. Посебно внимание во разговорот со Папата Франциск Премиерот Заев, посвети на градењето и негувањето на темелна определба на Република Македонија – Едно општество за сите.

Ден претходно, владини делегации на Македонија и Бугарија, предводени од премиерите Заев и Борисов учествуваа на молебенот и на церемонијата на полагање на венец на гробот на Св. Кирил во Базиликата Сан Клементе во Рим. Со црковната служба на македонската православна црква, молебен во чест на Свети Кирил, началствуваше Митрополит Европски Пимен, во сослужение со Митрополит Кумановски и осоговски Јосиф, и Митрополит Тетовски и гостиварски Јосиф. Митрополитот Европски Пимен, после црковната служба одржа беседа за црковното дело на Свети Кирил и за неговиот брат Свети Методиј.

актуелно бугарија Европа македонија рим
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.