Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус низ светот надмина 3.000 лица
СВЕТ

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус низ светот надмина 3.000 лица

март 2, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на луѓето кои досега низ светот починаа од компликации настанати по заразувањето со коронавирус, надмина 3.000, откако Кина денеска пријави уште 42 нови смртни случаи.

Повеќе од 90 отсто од нив се од Хубеи, кинеската провинција во која вирусот се појави кон крајот на минатата година.

Но, смртни случаи има и во други земји, вклучувајќи ги и 54-те во Иран и над 30 во Италија до вчера.

Во светски рамки има речиси 90.000 потврдени случаи на инфекција, а бројот на заразени сега расте побрзо надвор од Кина, отколку во оваа далекуисточна земја.

Светските медиуми јавуваат дека повеќето пациенти имаат само лесни симптоми, цитирајќи податоци на Светската здравствена организација (СЗО), а засега смртноста кај оваа епидемија варира меѓу два и пет отсто.

За споредба, сезонскиот грип има просечна смртност од околу 0,1 отсто, но тој е сириозно заразен и поради тоа од него годишно умираат до 400.000 лица.

И други видови на коронавируси, како тешкиот остар респираторен синдром (SARS) и респираторниот синдром на Блискиот Исток (MERS), имаат многу повисоки нивоа на смртност од Ковид-19.

Додека темпото на заразување во Кина се намалува, во некои делови од светот се забележува драстично зголемување на инфекциите.

Во европската жешка точка на епидемијата – Италија, бројот на инфекции е двојно поголем само во последните 48 часа, а исти податоци се лиферуваат и за Германија, јавува „Дојче Веле”.

Во Италија досега има регистрирано најмалку 34 смртни случаи и 1.694 потврдени случаи. Во Велика Британија, каде има 36 потврдени случаи, премиерот Борис Џонсон за денеска свика итна седница на комисијата „Кобра”.

Јужна Кореја, најголемото жариште на заразата надвор од Кина, денеска пријави нови 476 случаи, со што вкупниот број на случаи се зголеми на над 4.200. Во оваа земја досега имаше и 26 смртни случаи. Од потврдените случаи на зараза 3.081 се од Тегу, а 73 отсто од нив се поврзани со црквата „Шинчонџи”.

Градоначалникот на Сеул ги повика 10-те милиони жителина градот да работат од дома и да ги избегнуваат местата со концентрација на многу луѓе.

Иран, една од најзасегнатите земји од епидемијата, вчера соопшти дека има 978 инфекции и 54 смртни случаи.

Во текот на викендот Катар, Еквадор, Луксембург и Ирска ги потврдија своите први случаи на коронавирус.

Досега во САД има двајца починати од заразата, еден во Сиетл и 70- годишен маж од Вашингтон.

 

актуелно корона вирус смртност
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.