Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вкупно активни 3.475 случаи на Ковид-19, најмногу заболени во Скопје и Тетово
Македонија

Вкупно активни 3.475 случаи на Ковид-19, најмногу заболени во Скопје и Тетово

јули 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 8.332, а во моментов активни се 3.475, откако вчера беа регистрирани 135 нови случаи на заразени.

Бројката на заболени повторно е највисока во Скопје, со тоа што вчера од направените 1.259 тестирања во главниот град се регистрирани 76 позитивни лица. По Скопје следи Тетово со регистрирани 13 новозаболени.Што се однесува до останатите градови во земјава, во Куманово вчера беа регистрирани нови 6 позитивни, Дебар – 2, Штип – 6, Прилеп – 1, Струга – 7, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 10, Гевгелија – 1, Македонски Брод – 1, Кратово – 1, Свети Николе – 2, Кичево – 3, Ресен – 1.

Како што соопшти Министерството за здравство, вчера починаа четворица пациенти, еден од Скопје, еден од Тетово, еден од Охрид и еден од Кичево.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 142 оздравени лица од: Скопје – 68, Штип – 3, Прилеп – 1, Тетово – 15, Струга – 15, Охрид – 15, Гостивар – 7, Крива Паланка – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Кратово – 5, Свети Николе – 6, Ресен – 4.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се четворица пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 88 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на респираторна машина. Во болницата во Козле се хоспитализирани 25 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет деца позитивни и едно дете суспектно на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица пациенти, вкупно хоспитализирани се 83 пациенти. На респираторна машина се пет пациенти.

Според неделниот извештај за период од 6 до 12 јули што вчера го објави Институтот за јавно здравје, во овој период се направени повеќе тестирања за Ковид-19, но процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален.

Во дадениот период направени се вкупно 9.995 тестирања (1.573 повеќе од периодот 29 јуни – 5 јули) и регистрирани се 1.073 позитивни случаи на Ковид-19, што е за 156 случаи повеќе од претходната недела. Споредбено, процентот на позитивни од тестирани случаи е благо намален, 10,7 отсто позитивни од тестирани за периодот од 6 до 12 јули, наспроти 10,9 отсто за претходната недела.

Според извештајот, во последните четири недели процентот на позитивни случаи од тестирани на неделно ниво бележи пад. Новозаболени се регистрирани во 26 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (42,3 отсто) и во Тетово (8,9 отсто).

Во 16 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Од новозаболените во овој период најголем процент се лица над 60 години 22,8 отсто, поголем број новозаболени се регистрира кај лица на возраст од 30 до 39 години – 20,1 отсто, потоа кај лица од 50 до 59 години – 19,3 отсто и од 40 до 49 години – 18,8 отсто. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа на возраст до девет години – 3,7 отсто, и од 10 до 19 години – 3,3 отсто од вкупниот број новозаболени, информира Министерството за здравство.

активни случаи актуелно заболени Ковид-19 скопје тетово
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.