Публикацијата „Зборот е збор“ – 100 дена Влада за граѓаните“, објавена денеска, го дава отчет за сработеното во 100-те дена од владата предводена од премиерот Зоран Заев.
„Резултатите, се постигнати после една исклучително сложена и кризна ситуација во нашата земја. Со новата влада, Република Македонија отпочна една нова ера на сосема нов политички амбиент во кој доминираат транспарентноста, одговорноста, отчетноста и разумните политики од интерес за сите граѓани“, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека мерките за штедење што ги презеле со ребалансот веќе покажуваат зголемен прилив на средствата во буџетот.
Меѓу другото, потсетуваат дека се декласифицирани сите документи кои се однесуваат на привилегирани тршења на народни пари, а за враќање на парите кон граѓаните и стопанството, потсетуваат, се укинува радиодифузната такса, се исполниле заложбите за минималната плата и за воведување на ефтина тарифа на струјата, се изедначиле и условите за странските и домашните инвеститори.







