Владата на денешната редовна седница ја усвоила информацијата за надминување на проблемот со канцеларискиот простор и депото на Државнииот архив и како што се наведува во нивното соопштение, по низа консултации и анализи на теренот, донела предлог решенија кои предвидуваат изградба на нов објект за Државнииот архив.
Истовремено, до конечна реализација на ова решение, Владата го задолжила Државнииот архив да спроведе постапка за санација со цел спречување на протекување на атмосферска вода во постоечкиот објект на кејот на реката Вардар.







