Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со Ковид-19
Во Фокусот

Владата ќе расправа за новиот пакет мерки, а Собранието за законски измени за справување со Ковид-19

октомври 20, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 отсто, забрана на јавни настани и препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес, се пакет мерките за намалување на бројот на новозаболени од Ковид-19, кои денеска на седница на Владата ќе ги предложи министерот за здравство Венко Филипче.

Собранието, пак, ќе расправа за претходниот пакет мерки предложени од Комисијата за заразни болести. Во Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести по скратена постапка, за кој ќе расправа Собранието, се вметнати претходните предлози на Комисијата–задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири.

„Значи, оваа е единствена законска измена што ќе даде можност за сите овие други мерки да се прифаќаат од Владата без дополнителна измена во законот. Треба мнозинство од 61 пратеник. Јас не очекувам да трае целиот тој процес повеќе од неколку дена. Верувам дека до крајот на неделата овие мерки ќе бидат во сила, изјави вчера Филипче. Вирусот е многу проширен насекаде“, посочи Филипче и додаде дека
значително се зголемува бројот на заболени, а болниците се исполнуваат.

Тој истакна дека се уште не се сместени пациенти во модуларната болница до Инфективната клиника, иако таа е целосно подготвена, кадарот е подготвен, како и интернистите кои доаѓаат по системот на ротација и медицинските сестри.

„Во болницата „8 Септември“ целокупниот персонал работи на оваа проблематика и интернисти и анестезиолози коишто работат заедно со инфектолозите. Веќе се исполнија инфективните одделенија во Струмица, понатаму во Куманово, Штип, почнува да се ангажираат капацитетите во болницата во Кочани. Нема место во болницата во Прилеп и уште едно крило е отворено во болницата во Битола во
целиот овој регион, а забрзано се пополнува и капацитетот на болницата во Гостивар“, рече Филипче.

Тој им порача на граѓаните дека ситуацијата е навистина сериозна, дека следен чекор би бил целосно ограничување на движењето односно полициски час.

„Да смогнеме сили сите, затоа што ова е начинот“, истакна Филипче, посочувајќи дека бројот на заболени се зголемува и во регионот и насекаде во Европа.

Нови 161 случај со Ковид-19 од 771 тестирање беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се 12 пациенти од кои седум од Скопје (56 г., 86 г., 71 г., 57 г., 41 г., 86 г. и 82 г.), еден од Струга (67 г.), еден од Тетово (85 г.), еден од Битола (68 г.), еден од Кавадарци (56 г.) и еден од Прилеп (63 г.).

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 23 788, бројката на оздравени пациенти е 17 392, на починати е 846.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 5550, од кои во Скопје се 2674.

Во државава се хоспитализирани вкупно 487 пациенти.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и шест мајки позитивни на Ковид-19, две деца и три мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 47 пациенти од кои на респиратор се четири пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

актуелно влада законски измени Ковид-19 мерки собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.