Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Влада: Кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и електрична енергија на територија на цела држава
Економија

Влада: Кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија во Скопје и електрична енергија на територија на цела држава

август 26, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата вчеравечер прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје и во снабдувањето со електрична енергија на национално ниво. Двете одлуки ќе почнат да се применуваат од 1 септември и ќе траат 30 дена од денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки.

Првата одлука е донесена заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, а втората заради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите на електрична енергија.

Со денот на отпочнувањето на примена на овие одлуки, како што соопшти вчера Владата, Комисијата за следење на состојбите со снабдување со електрична енергија и за следење на состојбите со снабдување со топлинска енергија постојано ја следи, анализира и проценува состојбата на пазарите на електрична и топлинска енергија и предлага мерки согласно уредбите кои ги регулираат критериумите и условите за прогласување на кризна состојба.Од почетокот на септември стапуваат во сила и мерките за штедење на електрична енергија кои ќе важат до крајот на март следната година. Комисијата за јавно-приватен дијалог ќе стане кризно тело преку кое Владата и бизнис секторот заеднички ќе делуваат во насока на справување со енергетската криза.

 

Надлежните институции уверуваат дека струја ќе има во престојниот зимски период и дека рестрикциите не се опција ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија.

На вчерашната редовна седница на Комисијата со која копретседаваше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, тој ги извести присутните за планот на производство на АД ЕСМ, појаснувајќи дека Планот за производство на АД ЕСМ за 2022 година е направен со зголемување од 25 отсто во споредба со 2021 година и со тоа ЕСМ ќе ја произведува целата електрична енергија која им е потребна на граѓаните и на малите потрошувачи, и нема потреба да купува струја.

Дополнително, како што рече, сите производствени капацитети од домашното производство ќе се стават во функција.

Битиќи вчера се осврна и на новиот правилник за поставување соларни панели, со олеснета процедура и зголемен опсег на производство од 4 на 6 киловати за приватни произведувачи или од 40 на 60 киловати за индустриските објекти.

Вицепремиерот Битиќи кажа дека само во 2022 година кон стопанството како државна помош се обезбедени повеќе од 70 милиони евра директна финансиска поддршка, средства кои и во криза пораснаа од претходната година, а и не беа скратени со ребалансот на Буџетот.

Министерот за финансии Фатмир Бесими зборуваше за ликвидноста на Буџетот и потврди дека е во добра кондиција. Дополнително, зборуваше и за предлогот за даночна реформа кој се разговара во широка консултација вклучително со коморите и бизнис секторот, напоменувајќи дека ќе продолжи додека не се усогласат сите страни.

Од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) вчера побараа Владата веднаш да им помогне на компаниите преку укинување на ДДВ-то за струја и замрзнување на цената на електричната енергија по примерот на соседните земји, да ги забрза постапките за инсталација на фотоволтаици и да го пренамени поголемиот дел ако не целосниот износ на средства од капиталните расходи за тие да се инвестираат во обновливи извори на енергија со цел максимално да се искористи целиот државен капацитет за производство на електрична енергија.

Според истражувањето на СКСЗМ, за 65 отсто од фирмите членки кои веќе имаат енергетско ефикасна инфраструктура, трошоците за eлектрична енергија во 2021 година биле од 1,3 до 2,3 проценти од вкупните месечни трошоци, додека за оваа година тие трошоци се од два до шест пати зголемени. Сметките за јули веќе изнесуваат 7-10 отсто од месечните оперативни трошоци. Од друга страна, состојбата кај производствените компании е алармантна. Без исклучок кај сите производители износот на месечните трошоци за електрична енергија преставува минимум 25 проценти од вкупните трошоци, додека од друга страна нивната профитна маржа изнесува помалку од пет отсто.

– Горенаведените предлози беа доставени до надлежните институции и беа соодветно и детално објаснети со цел нивна имплементација во најкус можен рок. Владата итно треба да преземе мерки по однос на енергетската криза, бидејќи овој проблем го доведува во прашање самото постоење и опстанокот на бизнисите на пазарот, наведе Комората.

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна изјави дека се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар.

Во очекување на престојната зима, за која оценките се дека ќе биде најтешка во последните 70 години, Владата на 16 август донесе пакет мерки за штедење на електрична енергија кои треба да стапат на сила од 1 септември.

Со нив, државните институции имаат конкретни задолженија кои мора да ги почитуваат како што се исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, да не се користат сијалици кога има доволно светлина, климите да се местат не пониско од 27 степени во сезона на ладење и не повисоко од 20 степени во сезона на греење, да се заменуваат старите сијалици со шделиви и да се исклучуваат компјутерите.

Во пакетот мерки за штедење има и препораки до граѓаните и компаниите. Со пакетот мерки за штедење се очекува заштедите да бидат до 15 проценти.

 

 

МИА

актуелно влада енергетска криза прогласена скопје топлификација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.