Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владина делегација на Самитот за климатски промени во Њујорк
Политика

Владина делегација на Самитот за климатски промени во Њујорк

септември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со учество во работата на Самитот за климатски промени започна официјалниот дел од програмата на активностите на делегацијата на Владата на Северна Македонија
предводена од премиерот Зоран Заев на 74-тото Генерално собрание на ОН во седиштето на организацијата во Њујорк.

Како што соопштија од владината прес-служба, Самитот за климатски промени е во фокусот на годинашното Генерално собрание на ОН на кој шефовите на држави и влади и членовите на нивните делегации дојдоа со заложба да ги поттикнат акциите за заштита на планетата утврдени со Парискиот договор.

Премиерот Заев, и владина делегација во чиј состав се и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ќе учествуваат во работата на меѓувладиниот панел за климатски промени и на други форуми, каде што, како што се посочува, ќе бидат презентирани и усогласени национални агенди за намалување на емисиите на јагленороден диоксид и други честички што ја уништуваат озонската покривка и го загадуваат воздухот.

Справувањето со климатските промени како носечка тема оваа година на Генералното собрание на ОН има за цел да го помогне остварувањето на Одржливите цели за развој усвоени во 2015 година, кои дополнително ќе бидат евалуирани на уште еден од петте самити на собранието оваа година.

Денеска во седиштето на ОН во Њујорк, се посочува, започнува работата и на Самитот за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, на кој свое обраќање ќе има министерот за здравство Венко Филипче, а наредните денови се отвора работата и на Самитот за финансирање на развојот.

Во рамките на денешната агенда, како што информираат од Владата, премиерот Заев ќе присуствува на посебниот настан во организација на Мисијата на Соединетите Американски Држави во ОН, „Глобален повик за заштита на верските слободи“, на кој главен говорник е претседателот на САД Доналд Трамп.

Присуството на највисоки претставници на земјите членки на ОН, шефови на држави и влади, делегацијата на нашата Влада ќе го искористи за повеќе билатерални средби и учества на повеќе форуми, собири и други настани на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН.

„Во текот на денешниот ден, премиерот Заев и членовите на владината делегација ќе остварат одделни средби со премиерот на Естонија, Јури Ратас и со делегацијата на Азербејџан, предводена од министерот за надворешни работи, Новруз Мамадов“, стои во соопштението

актуелно владина делегација климатски промени њујорк самит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.