Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Власта смета дека единството се прави во законодавниот дом, опозицијата останува со поддадена рака
Некатегоризирано

Власта смета дека единството се прави во законодавниот дом, опозицијата останува со поддадена рака

февруари 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, а не со еднострани декларации, истакна вчера премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање како го коментира повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за национално обединување, кога се во прашање интересите на државата, кој, пак, истакна дека остануваат со поддадена рака до власта за обезбедување национално единство и консензус по однос на прашањата од државен и национален интерес.

Лидерот на опозицијата Мицкоски претходно, на партиски настан, истакна дека суштински е важно, кога во прашање е државава, да има единство, повикувајќи го претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на „единство и обединување кога станува збор за земјава“.

– Суштински важно е кога во прашање е Македонија, да има единство. Впрочем ударите се кон нашиот дом кој е се за едно семејство. Свесен сум дека во ситуација кога нашиот дом е во прашање, единството е поважно од секоја една наша внатрешна разлика која ја имаме во овој заеднички дом. Свесен сум, но и загрижен за тоа дали и премиерот на Македонија е свесен за истото. И затоа сакам да му порачам дека ВМРО, и историски, и суштински. И денес политички е вграден како еден од најважните стожери и столбови на нашиот дом- Македонија. И кога ќе се најде оваа влада пред ударите кон нашиот дом, ВМРО-ДПМНЕ нуди единство, договор за она што е наш заеднички супстрат и поддршка за заштита на националните, стратешки и државни интереси на нашата Македонија, кажа Мицкоски.

Според Ковачевски, со тоа само се попречува процесот на разговори што се водат со Софија во духот на европските вредности.

– Таа изјава сметам дека воопшто не е искрена, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период единствено нешто што прави е креирање хистерија во однос на разговорите што се водат со Бугарија, исто така во рамки на подготовките за работните групи што ги формиравме со бугарскиот премиер и членовите на нивната Влада заедно со нашата Влада ние упативме покана и до опозицијата, при што таа беше одбиена, оцени Ковачевски.

Во однос на единството, додаде Ковачевски, единството и застапувањето на нашата држава се прави во законодавниот дом, што претставува дом на сите граѓани, што се застапени од пратениците, и доколку ВМРО-ДПМНЕ мисли дека со еднострани декларации со што единствено се попречува процесот на разговори, што се водат во духот на европски вредности, и на задржување на достоинството на сите граѓани, дека ќе помогне, тие го прават токму спротивното.

За тоа кога ќе се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како што најави при преземањето на премиерската функција, Ковачевски вели дека таа средба ќе се случи и јавноста ќе биде навремено информирана.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во Кавадарци изјави дека како партија сè уште остануваат со подадена рака до власта за обезбедување национално единство и консензус по однос на прашањата од државен и национален интерес.

– Јас не очекувам од луѓето кои се слепи следбеници на „Заевизмот“, една политика која е жестоко поразена на изминатите локални избори на двапати ќе бидат рационални и ќе се издигнат над ситуацијата и ќе застанат еднаш во одбрана на македонското национално достоинство и да ги штитат македонските вредности. Јас подадов рака, таа рака сè уште е подадена, стојам на располагање. Секогаш кога ќе треба да се обезбеди единство, заедништво, консензус, тука сме да зборуваме пред отворени врати, пред камери ако треба, на една отворена средба, да не се криеме. Немаме ние што да криеме. Зошто да криеме 5+1, 3+2, 2-3, и така натаму, рече Мицкоски на новинарско прашање за коментар во врска со неговиот повик за градење национално единство упатен до премиерот Ковачевски.

Според него, конечно треба да престанеме да се делиме и да се обединиме околу тоа што значат државни и национални интереси.

 

МИА

актуелно власт законодавен дом опозиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.