Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ во контакт со СДСМ за изборите, опозицијата очекува одговор од владејачката партија
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во контакт со СДСМ за изборите, опозицијата очекува одговор од владејачката партија

јуни 15, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„ВМРО-ДПМНЕ како сериозна партија секогаш имала и одржувала линкови за комуникација со сите други релевантни партии“, одговори Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на новинарското прашање дали неговата партија е во контакт со СДСМ во однос на напорите да се договори датумот за изборите, кои откако заврши вонредната состојба, согласно Уставот и законите треба да бидат на 5 јули.

„Ние ги кажавме нашите услови, соодветно им се пренесени, очекуваме
СДСМ да ја превземе одговорноста и да се обрати до нас, да не извести
дали прифаќаат фер, демократски, меѓународно признати, легитимни избори, со намален здравствен ризик и здравствени протоколи и да се соочиме пред граѓаните на 15 јули“, одговори Милошоски.

Во однос на тоа дали партијата има нови услови, освен оние два кои вчера ги соопшти нејзиниот претседател Христијан Мицкоски–соодветни здравствени протоколи и навремено востпоставување на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Милошоски со одговор дека ВМРО-ДПМНЕ поставила услови кои што се меѓународно признати стандарди и почитувањето на тие услови ќе доведе до датумот на избори.

„Првиот наш услов е добри здравствени протоколи и посериозна борба против пандемијата и во ова време и особено во време на евентуално идна кампања и за време на гласање, и вториот услов е меѓународниот и европски стандард на мониторинг мисија од страна на ОБСЕ и нејзино воспоставување во Република Македонија. Оној ден кога ОБСЕ ќе стигне
во Македонија со својата мисија, следниот ден може да ја почнеме изборната кампања која што трае три недели и ќе стигнеме така до самиот датум на изборите за кој што не сакаме да се одржат без мисија на ОБСЕ затоа што би биле изборен грабеж и поткуп на фамилијата Заеви со тие пакети кои што ги разнесуваат по посиромашните семејства. Затоа сакаме да имаме избори кои што ќе ги запазат здравствените протоколи и меѓународните стандарди на ОБСЕ и ОДИХР“, рече Милошоски.

Во врска со тоа што подразбира под здравствени протоколи, тој рече дека Државната изборна комисија најдобро знае во какви канцеларии, општински згради или помали месни заедници се гласа како гласачки места на кои што се гласало досега.

„За жал во некои од тие места нема простор ниту за самите членови на избирачкиот одбор, а камо ли за уште 15 набљудувачи на листите кои што се поднесени од разни политички партии. Затоа сметаме дека треба да се седне со ДИК и комисијата која што ја предводи Караџовски како доктор да не политизира премногу, туку да седне и да се запознае со условите на ДИК и да обезбеди услови за пристојно гласање со намален здравствен ризик за секого. Затоа цениме дека треба оваа работа да се сфати многу посериозно од една изјава на Филипче или Караџовски на прес конференција“, рече Милошоски.

актуелно вмро-дпмне избори сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.