Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ ги објави предлозите за техничката влада, Рашела Мизрахи – министер за труд и социјална политика
Политика

ВМРО-ДПМНЕ ги објави предлозите за техничката влада, Рашела Мизрахи – министер за труд и социјална политика

декември 30, 2019Updated:декември 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ВМРО-ДПМНЕ за министер за труд и социјална политика во техничката влада ќе ја предложи д-р Рашела Мизрахи, за заменик-министер за земјоделство Цветан Трипуновски, за заменик – министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и за заменик-министер за информатичко општество и администрација Невенка Стаменковска Стојковски.

Техничката влада која се очекува да биде избрана на 3 јануари, треба да
ги спроведе предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат на 12 април 2020 години.

За технички министер за труд и социјална политика е предложена Рашела Мизрахи, која докторирала на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија.

Има остварено научно истражувачки дејности од повеќе области на Универзитети во Израел, Канада и Македонија, како што се биохемија и молекуларна биологија на репродуктивни клетки на катедрата на проф. Хаим Браитбарт на Универзитет Бар Илан и менаџмент на генетскиот
потенцијал во Онтарио, Канада.

Своето работно искуство го стекнува на Институтот за истражување во
кардиологија – Њуфелд, Медицински Центар – Шива, Израел, како и на
Физиологија на репродукција, лабораторија на Универзитетот Св. Кирил
и Методиј и повеќе други обуки.

Мизрахи работела како консултант на Глобалниот фонд во рамки на програмата за туберкулоза, на мониторинг на лабораторија во Израел, како и Асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Цветан Трипуновски, е ќе биде предложен за нов заменик министер за
земјоделство.

Тој има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник.

Претходно од 2015 до 2017 година ја извршуваше и функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат, а во периодот од 2006 до 2008
година е прв човек на државната фитосанитарна лабораторија.

Трипуновски од 2008 година до 2012 година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, а од 2017 година е и
член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

По струка е дипломиран земјоделски инженер, а моментно е и постдипломец на Земјоделскиот институт во Скопје.

За нов заменик министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Вработена е во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии.

Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG.

Актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска Стојковски ќе биде предложена за заменик министер за информатичко општество и администрација.

Претходно работела во Секретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции, каде што била координатор на економските промотори и работела на привлекување странски инвестиции.

Таа е магистер по европско право и право на Европска Унија.

Има знаење и пракса од повеќе меѓународни обуки како што е работа на прашања поврзани со ОН, организирана од секторот за мултилатерала на МНР.

Била ангажирана на националната програма за усвојување на правото на ЕУ, координација на ЕУ фондови и други обуки.

актуелно вмро-дпмне предлози техничката влада
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.