СДСМ глуми опозиција, а неговата скапа претстава ја плаќаат граѓаните, велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на владиното соопштение во врска со порастот на БДП, поради успешните реформски политики.
„Дури и во потешки години и при подлабоки политички кризи ВМРО-ДПМНЕ успеваше да обезбеди економски раст. Катастрофалните политики на СДСМ на економски план ја бетонираа Република Македонија на европското дно.
„Во услови кога цела Европа бележи раст на економијата, македонската стагнира и се бетонира на нула. Ефектот од 9 месеци владеење на СДСМ е едно големо ништо“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека државата во 2017 година под водство на СДСМ има трет најлош резултат во Европа, а убедливо најмал во регионот.
„СДСМ ја урниса македонската економија. Граѓаните веќе тоа го чувствуваат. Економијата под водство на СДСМ ќе продолжи да тоне. Пад од 1% бележат и бруто инвестициите, што е показател за идните движења во економијата.
„Падот на инвестициите покажува дека македонската економија и во идниот период ќе бележи ниски стапки на раст. СДСМ нанесува трајна штета на македонската економија и ги осиромашува граѓаните“, велат од опозициската партија.







