Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори зошто се запрени крупните капитални инвестиции
Некатегоризирано

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори зошто се запрени крупните капитални инвестиции

јануари 2, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Зоран Заев и Драган Тевдовски повторно сакаат да ја изманипулираат јавноста, реагираат од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на денешната прес-конференција на премиерот и министерот за финансии.

Оттаму истакнуваат дека наместо празни зборови, владините функционери треба да ги исполнат своите ветувања за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Заев и Тевдовски се пофалија за реализацијата на капиталните инвестиции за 2017 година, но повторно не одговорија на прашањата зошто крупните капитални инвестиции беа запрени или не беа пуштени во употреба. Автопатската делница Демир Капија – Смоквица повеќе од 6 месеци е завршена, а граѓаните и туристите немаа можност да ја користат. Автопатските делници Скопје – Штип и Кичево – Охрид беа во прекин на градба повеќе месеци“, наведуваат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Од пратијата истакнуваат дека по неколку години БДП во Македонија доживеа пад.

„Македонија во првите 3 квартали имаше пад на БДП од 0,4%, додека, пак, бруто инвестициите се намалија за над 9.5% во третиот квартал од 2017 година. За првпат во Македонија, во третиот квартал НБРМ регистрираше одлив на странски инвестиции за околу 50 милиони евра.  Под водство на Драган Тевдовски, Министерството за финансии стана рекордер во задолжување и трошење на девизните резерви. Македонија изминативе 7 месеци се задолжи за над 730 милиони евра, од кои потрошени се над 230 милиони евра од девизни резерви“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму предупредуваат дека со владеењето на СДСМ малото и средното стопанство во Македонија стагнира и дека голем број  мали фирми и претпријатија се пред затворање.

„Заев за волја на вистината, повторно пробува да се кити со туѓи перија како и секогаш. Тој се пофали за 96% за искористеност на ИПА фондовите, од кои Заев заборави да напомене дека над 90% беа искористени во времето на ВМРО-ДПМНЕ од програмата 2007-2013, средства кои почнаа да се користат во февруари 2008, а заврши на крајот од декември 2017“, наведуваат од опозициската партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека изминативе неколку месеци најпогодена категорија на граѓани биле земјоделците.

„Погубните политики на СДСМ ги принудија земјоделците својот род да го фрлаат или да го оставаат да скапува на нивите. Немаше откуп за нивниот производ, а поддршката од Владата на Заев никаде ја немаше“.

Оттаму исто така наведуваат дека најголемото ветување на Заев и Тевдовски, како што велат, испадна само еден голем маркетиншки трик.

„Пред изборите во октомври месец тие ја воведоа евтината струја, за по избори да најават нејзино укинување. Граѓаните повторно беа излажани. СДСМ и Заев единствено удрија по џебот на секој граѓанин. Од први јануари е зголемена акцизата за нафта за 3,5 денари по литар. Ова е голем економски удар за превозниците, земјоделците, но и секој обичен граѓанин“, заклучуваат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

актуелно БДП вмро-дпмне Зоран Заев кочани македонија сдсм скопје штип
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.