Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ: Кривични пријави против ковид-позитивните пратеници
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кривични пријави против ковид-позитивните пратеници

април 19, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за вчерашните настани во Собранието, кога беше дозволено двајца пратеници позитивни на Ковид -19 во скафандери да присуствуваат и да гласаат за точки од дневен ред на две седници.

„На потег ќе биде правосудството кое ќе треба да се оттргне од очигледните политички стеги во рамките на коишто функционира според сите меѓународни извештаи“, рече денеска на прес-конфереција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој смета дека вчера во Собранието се случило дерогирање на правниот систем и наместо тоа да биде пример за работење во согласност со Устав и закон, собранискиот претседател и пратениците од мнозинството давале пример како не треба да се работи.

„Присуството на двајца позитивни пратеници, спротивно на сите законски норми, по никоја цена не беше оправдано, а секој обид за нивно воздигнување во т.н. статус на херој е срамен и безобразен чин во очите на вистинските херои на оваа пандемија“, истакна Мицевски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, цела недела најавуваа, а тоа се потврди и со самиот чин на гласање, дека ќе дадат поддршка на петтиот сет еконономски мерки.

„Оттука, јасно е дека вчерашниот срамен театар, служеше единствено да се задоволат личните желби на поединци да помине 32. седница на Собранието, на која немаше ниту една законска измена поврзана со здравјето на граѓаните или економска помош. За да се остварат таквите лични желби, се даде пример дека политичарите се над законите, а притоа во ризик беа сите вработени во Собранието, присутните претставници на медиумите, како и пратениците“, смета кординаторот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изјави дека вчера биле прекршени членовите 205 и 206 од Кривичниот законик бидејќи, како што рече, никој не е над законите, вклучително и Претседателот на Собранието и пратениците и одговорност мора да има.

„Систем во кој не функционира владеење на правото по никоја цена не е оправдан. Таквата пракса на работење на Коалиција против правдата составена од СДСМ и ДУИ ќе престане“, рече Мицевски.

актуелно вмро-дпмне дуи пратеници пријава сдсм собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.