Паѓаат во вода и последните очајни обиди на СДС со лаги и манипулации да се обиде да добие поен плус кај гласачите.
Сѐ што е направено е преземено согласно со закон, за што е донесена и одлука на влада, и има позитивно мислење од законодството на владата на РМ, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешните обвинувања за злоупотреба од претходната власт.
„Граѓаните видоа дека СДС за четири и пол месеци не направи ништо во насока на подобрување на нивниот живот, а сѐ што прави е во насока на зголемување на своите лични сметки.
„Наводите изнесени од страна на Бошњаковски се целосно неточни и претставуваат крајно тенденциозен обид во очи на изборите да се манипулираат граѓаните. Тоа е очаен потег на очајни луѓе – стои во реакцијата на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и СДСМ има советници во Владата.
„Според логиката на СДС, на Роберт Поповски, Цацко, Марјан Забрчанец, Зоран Бојаровски, Бојан Мричиќ, Петрит Сарачини и Дарко Лешоски можат да му бидат советници и истите да бидат плаќани илјадници евра од парите на граѓаните, а Груевски не смее да има тројца советници кои донесоа нови 10.000 работни места.
„Додека скапо платената плејада на демаскирани граѓански активисти на Заев од државниот буџет цедат илјадници евра, без притоа државата да има реален бенефит од тоа.
Ни самиот Бошњаковски не верува во тоа што го зборува и по одразот на лицето му се познава дека сѐ што зборува го зборува под невиден притисок и диктат, се вели во соопштението.







