Зоран Заев повторно најави зголемување на даноците! Ова е јасно признание за економската катастрофа што и се случува на Македонија. Ова е уште една одлука на Заев да им стави рака во џеб на граѓаните и да им собере пари за да го покрие расипништвото и неспособноста, се вели во соопштението до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев е најопасната елементарна непогода што и се случила на Република Македонија.
„Неговите штети ги плаќаат граѓаните.
„Една година власт на СДСМ, една година повисоки цени и помали плати. Една година од црното економско трио Заев, Тевдовски, Анѓушев е една година без капитални инвестиции и напредок.
„Македонската економија стагнира како резултат на неспособноста на владата на СДСМ, а граѓаните загубија една година од „животот“ кој им го вети СДСМ. Година во која економијата тоне, а криминалниот картел на власт ги брои милионите на своите сметки.
„Растот на БДП за 2017 година е еднаков на нула, а ништо подобар не е ни во првиот квартал од новата година, период за кој тој изнесува катастрофални 0,1 проценти. Градежништвото кое е моторот на економијата и е во тесна врска со уште 20 други индустриски гранки бележи пад од 37 проценти.
„Македонија е на дното во регионот и Европа на полето на економијата. Додека целиот континент бележи значителен економски раст, македонската економија е пред колапс. Економиите на сите наши соседи бележат раст, а владата на СДСМ и Заев и покрај катастрофалните резултати на економски план, продолжува со штетните економски политики“.
Триото погубно за македонската економија составено од Заев, Тевдовски и Анѓушев треба да ги симне розовите очила и да ја погледне сивата слика во македонската економија. Владата на Заев нема ниту капацитет ниту пак волја да се справи со реалните проблеми на граѓаните, велат од партијата на ВМРО-ДПМНЕ.







