„ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Македонска Каменица. Сега СДСМ и храбри независни советници се ново мнозинство“, информираат од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија.
Оттаму велат дека по само една година од локалните избори ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во советот на општината.
Денеска советот го разреши досегашниот негов претседател, Љупчо Трајановски, од ВМРО-ДПМНЕ, и со седум гласови „за“ и четири „против“ ја избра Анета Стојчевска.
„Локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ една година не работат ништо, не ги реазлиризаат ветувањата дадени пред граѓаните, не ги продолжуваат проектите на претходните локални власти или некои од нив ги присвојуваат. Знаат само за партизација на локалните самоуправи и трошење на народните пари“, се наведува во соопштението од СДСМ.