12 октомври 2020
Соочени со катастрофалната состојба во државата СДСМ се обидуваат со манипулации да ја залажуваат јавноста.
Ништо од досега ветените проекти немаат реализирано.
Ветуваа 600 километри нови автопати, 550 километри магистрални и 1000 километри локални патишта.
Ништо од ова не реализираа.
И тие проекти кои беа отпочнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги завршија.
Не е изграден ниту автопатот од Кичево до Охрид, ниту магистралниот пат до Прилеп, ниту железницата кон Бугарија.
Реализацијата на капиталните инвестиции им е рекордно ниска и никој во државата, освен мафијата на власт не знае кај завршија парите.
За само три месеци ја задолжија државата за нова милијарда евра долг и освен за предизборен поткуп, ништо друго не направија.
А кога не поткупуваат граѓани со ваучери, тогаш парите ги трошат набавки на шкампи, кондоми, поддршка на одредени фризери или обуки на магариња.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ







