„Дрога во Македонија нема. Нема ни грам хероин, ни грам кокаин, ни грам марихуана. Сообраќајни несреќи не се случуваат и нема жртви, бидејќи полицијата совесно и ажурно води грижа за безбедноста на патиштата.
„Кражби нема, а нема ниту физичко насилство. Православни гробишта не се вандализираат и сквернават, во изјава за медиуми вели Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ
Вака изгледа светот на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Вака изгледа Македонија само за нив, бидејќи граѓаните ја гледаат реалноста.
МВР под водство на СДС и неспособниот Оливер Спасовски нема фатено ни грам дрога. Не затоа што ја нема, туку затоа што СДС е во коалиција со криминалот.
Приоритет за СДС и Оливер Спасовски е да се пресметаат со сите полициски службеници кои професионално водеа истраги за наркодилерите кои одработуваа за Заев на минатите избори.
За неполни 3 месеци од доаѓањето на власт, СДС направи тотален хаос и партизација во министерството за внатрешни работи.
За неполни три месеци Оливер Спасовски подели 500 решенија, унапредувајќи партиски послушници по 4-5 скалила, што е спротивно на системот на кариера и Законот за внатрешни работи.
СДС ја препушта безбедноста на граѓаните во раце на неспособни и непрофесионални кадри, кои имаат за цел да го штитат криминалот на луѓето блиски до врвот.







