Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Под мразот на Антарктикот пронајден древен „изгубен свет“

јуни 16, 2026

По Париз и Мадрид, и Брисел ги укинува електричните тротинети за изнајмување

јуни 16, 2026

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години

јуни 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Под мразот на Антарктикот пронајден древен „изгубен свет“
  • По Париз и Мадрид, и Брисел ги укинува електричните тротинети за изнајмување
  • Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години
  • УНИЦЕФ: Повеќе од милијарда деца изложени на повеќекратни климатски ризици
  • Би-Би-Си: Договорот меѓу САД и Иран е политички кошмар за Нетанјаху
  • Големи поплави сериозно погодиле редок вид орангутани во Индонезија
  • Кос: Денеска е мега понеделник за проширување на Европската Унија
  • МTAG добива посебни ленти, нови правила на македонските ленти
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ: „СДС тоне поради слугувањето на Софија а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав“
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС тоне поради слугувањето на Софија а Филипче е најгласен промотор на бугарските барања и внесувањето на Бугарите во Устав“

јуни 15, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати нова остра реакција кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека ја застапува политиката на официјална Софија и дека инсистира на уставни измени кои, според партијата, се спротивни на македонските национални интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС и Филипче се „тотално изгубени на политичката сцена“, без јасна стратегија, визија и план за развој на државата.

„Единствена политика која ја нудат Венко Филипче и СДС е слугувањето на официјална Софија и застапувањето на туѓи политички агенди. Единствена политика на која жестоко инсистираат е внесувањето на Бугарите во Уставот и прокламирањето уставни измени многу повеќе и од самите барања на Бугарија“, се наведува во реакцијата.

Од партијата тврдат дека СДС и Филипче упорно избираат да бидат гласноговорници на политики кои доаѓаат однадвор, наместо да ги застапуваат интересите на македонските граѓани.

„Филипче и раководството на СДС не ги штитат националните позиции, немаат црвени линии и не ги застапуваат интересите на граѓаните на Македонија. Поданичкиот и капитулантски однос е спротивен на расположението на граѓаните и е една од главните причини за континуираниот пад на довербата во СДС“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштение се додава дека СДС нема јасен став кога станува збор за заштита на македонските интереси и дека, според ВМРО-ДПМНЕ, единствената цел е враќање на власт „по секоја цена“.

„СДС и Филипче треба конечно да сфатат дека ниту една политичка кариера и ниту една партиска агенда не смеат да бидат поважни од државните и националните интереси. Сè додека Филипче е најгласниот адвокат на Софија, граѓаните ќе продолжат да ја испраќаат СДС во изолација, порази и на маргините на политичкиот спектар“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

актуелно бугари в мро-дпмне сдсм Софија Устав филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Под мразот на Антарктикот пронајден древен „изгубен свет“

јуни 16, 2026

По Париз и Мадрид, и Брисел ги укинува електричните тротинети за изнајмување

јуни 16, 2026

Велика Британија ќе ги забрани социјалните мрежи за деца помлади од 16 години

јуни 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.