Недолично и срамно е Министерството за култура за својата неодговорност и непочитување на законските прописи вината да ја префрлува на политичка партија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение за јавност.
„ВМРО ДПМНЕ нема апсолутно никаква допирна точка со државната награда „23 октомври“, за сите државни награди се одговорни Владата и министерствата.
„Министерството за култура имаше можност од 30 мај до август 2017 година да поднесе барање до Комисијата за избори и именувања во Собранието на Република Македонија за именување на нов состав на Одборот.
„Алаѓозовски и Министерството за култура после 2 ипол месеци и после распишување на локалните избори доставуваат предлог до Собранието односно до комисијата за именување. На тој начин свесно го кршат законскиот рок и свесно ја укинуваат државната награда „23 октомври“, за што, нема потреба да се консултираат со Министерството за правда и ДИК.
„Од Министерството за култура треба да се запознаени дека Собранието не припаѓа на една политичка партија и за нивната неажурност да обвинуваат политички партии. Комисијата за именување во Собранието не е лична своина на ВМРО ДПМНЕ, тое е комисија во која има пратеници од сите политички партии.
„Државната награда „23 Октомври“ во изминативе години е доделена на повеќе од 30 историчари, актери, писатели, ликовни уметници, филозофи и фолклористи. Луѓе кои твореле во Македонија и кои дале посебен допринос во своите области.
Амнимозитетот на Министерството и Владата кон „23 октомври“ како симбол на македонската борба не може да биде изговор за негрижата на македонските автори и уметници.







