ВМРО-ДПМНЕ ја претстави програмата за претстојните локални избори, под слоганот „Нова ера“, на конвенцијата на партијата која се одржа вечерва во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
На конвенцијата беа претставени и кандидатите за градоначалници на локалните избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски имаа свое обраќање пред речиси целиот Извршен комитет на партијата, како и пред претставници од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ, кои беа присутни во салата.







