Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Водачот на Талибанците конечно се појави во јавност
СВЕТ

Водачот на Талибанците конечно се појави во јавност

ноември 3, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хаубатулах Акунџада, мистериозниот врховен водач на Талибанците, првпат се појави во јавност.

Како што јавува Ал Арабија, Акунџада им се обрати на Талибанците во Кандахар, град на југот на Авганистан.

Акунџада е духовен водач на Талибанците од 2016 година, но се криеше од јавноста дури и откако Талибанците во август годинава ја превзедоа власта во Авганистан.

Неговото долгогодишно криење поттикна низа шпекулации за улогата која ќе ја игра во новата авганистанска влада, а се шпекулираше дури и дека е мртов.

Во саботата, наведува Ал Арабија, го посетил верското училиште во Кандахар за, како што велат талибански претставници, да им се обрати на своите верни војници и следбеници.

Безбедносното осигурување при неговото појавување било на исклучително високо ниво и засерга уште нема фотографии или снимки, но Талибанците на социјалните мрежи објавија десетминутна аудио снимка од неговиот говор.

Во говорот не ја споменал политика, туку само верата.

Побарам божји благослов за талибанското водство и рекол дека се моли за талибанските маченици, ранетите борци и за успех на талибанската влада, која, како што истакнал, била „на голем испит“.

Акунџада некогаш бил исламски свештеник во Кандахар и врховен талибански судија. Се верува дека на таа положба донесувал пресуди за јавни егзекуции за убијци и прељубници и ампутација на раце за оние кои биле осудени за кражба. Се бавел и со прашања поврзани со легитимност на самоубиствените напади и исправноста на борбата против Исламска држава која се обидуваше да воспостави присутност во Авганистан.

Во 2001 година побегнал во Пакистан и таму предавал во верски училишта, за потоа повторно да им се придружи на Талибанците. Мансур лично, во својот тестамент, го предложил за наследник.

Иако учествувал во герилскиот отпор кон советската инвазија во 80-тите години од минатиот век, Ахунџада нема големо воено искуство и повеќе го сметаат за верски учител. Откако де факто станал водач на Талибанците, работел на јакнење на финансиите, дел и од трговија со наркотици, обидувајќи се притоа да ги обедини талибанските фракции и да ја зацврсти власта.

Во февруари се појавија извештаи дека Ахунџада загинал минатата година во експлозија во Пакистан, но Армадулах, еден од талибанските лидери, рече дека се работи за лажни вести и непроверени гласини.

Ахунџада пораснал во Пањџаи, подрачје недалеку од Кандахар. Како и повеќето високи талибански лидери им припаѓа на Паштуните, најголемата авганистанска етничка заедница, која историски секогаш полагала право на управување со земјата.

Со младите религиски студенти и свештениците кои подоцна го сочинуваа талибанското јадро се зближи во текот на заедничката борба против советската окупација на Авганистан. Подоцна студираше во верски факултети во Авганистан и соседниот Пакистан и стана водечки верски советник на Омар.

Познат по својот аскетизам, Ахунџада беше компромисен кандидат кога врховниот совет на Талибанците во 2016 година, според желбата на убиенот Мансур, го именуваше во емир пред десетина други познати водачи. Неговото племенско потекло, угледот на учител и почитувањето внатре во движењето но и неговата ерудиција беа неговите предности. Се покажа попрагматичен отколку што многумина очекуваа, допуштајќи преговори со Соединетите Американски Држави и во повеќе наврати поттикнувајќи ги талибанските борци и пониските службеници да настојуваат да ја придобијат довербата на локалните заедници со добри пракси и дисциплина.

Меѓутоа, Талибанците се далеку од монолитноста, па дури ниту емирот не ја ужива апсолутна послужност. Врховниот совет, познат како Куета шура, по градот во западен Пакистан во кој живеат многу водечки Талибанци, е прилично моќно. Иако постои висока стапка на идеолошко единство, многу од членовите на советот имаат свои преферирани стратегии, неформална мрежа на следбеници, странски врски и амбиции. Некои ги поддржуваат настојувањата да се стекне меѓународно признавање, други му даваат приоритет на спроведувањето на строги ограничувања во однесувањето и контролата на населението.

Моментно Ахунџада има три заменици, Абдул Гани Барадар, архитект на последните воени успеси, и соновите на Омар, мула Мохамад Јагоба и Сирахудин Хакани, ветеран од војната против Советите и владетел во подрачјето крај пакистанската граница.

Интересен е односот на Ахунџада кон терористичките групи. Сите членови на Ал Каеда и слични организации се колнат на верност кон него како емир, исто како и на нивниот лидер Ајман ал Завахири. Ахунџада, пак, кон него се држи прилично воздржано, не ја отфрла, но и не ја прифаќа заклетвата.

авганистан актуелно Ал Каеда водач исламска држава лидер Пакистан талибанци Хаубатулах Акунџада
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.