Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање

јули 31, 2026

Милиони луѓе изложени на загадување на воздухот од европските шумски пожари

јули 31, 2026

На „Табановце“ цариниците спречија обид за нелегален пренос на 64.000 евра

јули 31, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање
  • Милиони луѓе изложени на загадување на воздухот од европските шумски пожари
  • На „Табановце“ цариниците спречија обид за нелегален пренос на 64.000 евра
  • Продолжуваат горештините, денеска до 39 Целзиусови степени
  • Телескопот „Роман“ подготвен за лет во вселената
  • Во манастир во Фиренца пронајден рецепт што се смета за претходник на денешната Кока кола
  • Топол бран до крајот на следната седмица, од среда температури над 40 степени
  • Тројца пожарникари загинаа на Крит
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Воздухот загаден, концентрациите на ПМ 10 највисоки во текот на ноќта
Македонија

Воздухот загаден, концентрациите на ПМ 10 највисоки во текот на ноќта

јануари 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Загаден воздухот во Скопје од вчера. Концентрациите на ПМ10-честичките според
мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот
на ноќта достигнале и над 300 микрограми на кубен метар.

Воздухот во Скопје од вчера е повторно со високи концентрации на ПМ10-честички, а според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на ноќта достигнале и над 300 микрограми на кубен метар.

Во Центар концентрациите почнале да се зголемуваат од вчераутро, кога биле измерени 58 микрограми на кубен метар, за во 23 часот да достигнат 376 микрограми, од кога почнуваат да се намалуваат, но и натаму се далеку над дозволените. Последното мерење во Центар концентрациите на ПМ10-честичките се 182 микрограми на кубен метар.

Во Карпош се движеле од 60 до 321 микрограми. Последното мерење покажува 196 микрограми на кубен метар.

Кај Ректорат најзагадено било синоќа од 20 до 2 часот по полноќ, кога концентрациите биле над 300, достигнувајќи до 388 микрограми. Утрово се измерени концентрации на ПМ10-честичките од 194 микрограми.

Во Бутел, според мерењата, исто така во текот на ноќта било најзагадено, но концентрациите достигнале до 190 микрограми. Утрово се измерени 120 микрограми на кубен метар.

Загаден воздух е регистриран и во другите градови, а среднодневните концентрации се движеле од 72 од Кочани, 86 во Кавадарци, 96 во Кичево, 106 Миладиновци, 109 во Бутел, 118 во Битола, 128 во Гостивар, 134 во Тетово, 135 во Карпош, 138 во Центар, 171 кај Ректорат до 192 во Струмица.

Според законските прописи, мерки се активираат кога во два последователни дена има среднодневни концентрации над 200 микрограми. Во случај кога има загадување над дозволеното, но под 200 микрограми, во сила се само препораките за користење јавен превоз, возење повеќе лица во едно возило или да не се користи возилото без поголема потреба, да не се користи за затоплување прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТамбалажа, парчиња гума или кој било друг синтетички материјал, правилно користење на печките на дрва, ограничено движење и активности на отворен простор на најранливата популација, земање витамини…

воздух загаден кнцентрации пм 10 честички
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Собранието по неколку паузи ја заврши седницата за пратенички прашања со едно поставено прашање

јули 31, 2026

Милиони луѓе изложени на загадување на воздухот од европските шумски пожари

јули 31, 2026

СДСМ: По седум градови, отровна вода и во Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

јули 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.