Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Волстрит „падна“ втор ден по ред
Берза

Волстрит „падна“ втор ден по ред

октомври 7, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На Волстрит, цените на акциите паднаа, втор ден по ред, бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред извештајот за работните места во САД и затоа што лидерите на американската централна банка постојано порачуваат дека следи зголемување на каматите.

Дау Џонс (Dow Jones) загуби 1,15 отсто, и сега чини 29.926 поени, додека СиП 500 (S&P 500) се лизна за 1,02 отсто, на 3.744 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) 0,68 отсто, на 11.073 поени.

По силниот скок на почетокот на неделата, овие индекси паднаа втор ден по ред бидејќи инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред американскиот извештај за работните места што треба да излезе денес, а кој би можел да има значително влијание на пазарот.

На почетокот на неделата цените на акциите нагло пораснаа токму поради тоа што на пазарот преовладуваше мислењето дека ФЕД може да го забави темпото на зголемување на каматните стапки. Сепак, челниците на централната банка од ден на ден повторуваат дека не се откажуваат од своите приоритети.

Чарлс Еванс, претседател на филијалата на ФЕД во Чикаго, вчера изјави дека очекува дополнително зголемување на каматните стапки за 1,25 процентни поени до крајот на годината, бидејќи податоците за инфлацијата се разочарувачки.

Поради ова, пазарот на пари сега проценува дека ФЕД ќе ги зголеми клучните камати стапки за агресивни 0,75 процентни поени на дводневната сесија на 1 и 2 ноември, четврта сесија по ред.

Инвеститорите стравуваат дека агресивното зголемување на каматите може да предизвика рецесија.

Поради зголемувањето на каматите на ФЕД и забавувањето на економскиот раст, индексот СиП 500 (S&P 500) е намален за околу 22 отсто од рекордното високо ниво, кое беше постигнато на 3 јануари.

Цените на акциите вчера паднаа и на европските берзи. Лондонскиот ФТСЕ (FTSE) индекс ослабе за 0,78 отсто, на 6.997 поени, додека франкфуртски ДАКС (DAX) се „лизна“ за 0,37 отсто, на 12.470 поени, а париски ЦАЦ (CAC) 0,82 отсто, на 5.936 поени.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Престиж – The Prestige)

актуелно берза Волстрит инвеститори индекс инфлација рецесија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.