Египетскиот парламент одобри вонредна состојба во целата земја која ја прогласи претседателот Абдел Фатах ел Сиси, после нападите на две коптски цркви, пренесе државната телевизија.
Пратениците едногласно ја усвоиле мерката која стапи на сила во понеделникот.
Претседателот Абдел Фатах прогласи вонредна состојба од три месеци после нападите во кои загинаа 45 лица.
Одговорноста за двете злосторства ја превзедоа џихадистите од Исламска држава.
Според Уставот, вонредната состојба прогласува претседател, но за таа да стапи на сила е неопходно одобрување од страната на владата и парламентот.
Идентификуван напаѓачот на црквата во Александрија
Египетското министерство за внатрешни работи соопшти дека го идентификуваше бомбашот самоубиец кој го изврши смртоносниот напад во текот на изминатиот викенд пред црквата во градот Александрија.
Министерството во соопштението додаде дека „во тек се напори“ за да се идентификува уште еден напаѓач кој во неделата ја нападна другата црква во градот Танта, во делтата на Нил, јави АФП.
Во бомбашките напади на црквите во Египет загинаа 45 лица, а одговорноста ја превзеде Исламска држава.