Македонија прогласи вонредна состојба во југозападните планински области поради опасност од ширење на пожар, кој веќе со денови гори во тоа подрачје.
Имајќи ги во вид екстремно високите температури кои се очекуваат во следните денови министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, доцна синоќа изјави дека вонредната состојба ќе биде на сила 30 дена и дека сите расположливи безбедносни ресурси ќе бидат испратени во погодените региони.
Пожарникари и волонтери веќе две недели се обидуваат да ги запрат шумските пожари во неколкуте области, а на чие ширење допринесува топлотниот бран што го зафати поширокиот регион.







