Состојбата која ја затекнавме во буџетот е далеку од сјајна. Во Буџетот нема 130 милиони евра туку само 6 милиони евра, рече премиерот Зоран Заев во интервјуто со повеќе новинари и уредници на МРТ.
„Јавниот долг го поминал плафонот од 50 отсто од БДП, има многу непотребни трошоци. Има скриен долг кој е поголем од една милијарда евра. Ова се само половични информации, министерот за финансии ќе излезе и ќе каже кога ќе ја добие целата слика“, истакна Заев.
Сепак, посочи премиерот, државата ќе има доволно средства да ги оствари сите нејзини обврски кон потребите на граѓаните и да ја спроведе програмата на Владата.







