Во организирана акција на грчката полиција во саботата во близина на Лерин биле уапсени две лица од Македонија, за внесување и продажба на дрога. Тие, откако во Грција влегле нелегално, на полицаец кој се претставил дека е купувач се обиделе да му продадат три килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.
Уапсените се на возраст од 38 и 40 години.
Во рамките на активностите на полицијата за спречување на шверц на дрога на грчка територија и добиените информации за мрежа која пренесувала и ширела дрога од Македонија во Грција, била организирана полициската акција.
„Беше закажана средба за купопродажба на дрога, каде што се појавија горенаведените странски државјани, кои претходно нелегално влегоа во нашата земја, 38-годишниот со мотор, а 40-годишниот со автомобил и на полицаецот кој се претстави дека е купувач му продадоа скоро три килограми суров канабис, за 5.800 евра“, соопштуваат од грчката полиција.







