Грчкиот премиер Алексис Ципрас изутринава пристигна на Аеродоромот Скопје од каде што се упати кон Владата каде што ќе биде пречекан со државни и воени почести.
Официјалната посета на Северна Македонија, прва на некој грчки премиер, Ципрас ќе ја почне со средба со неговиот домаќин премиерот Зоран Заев.








