Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во земјава нема ,,Африканска свинска чума“
Економија

Во земјава нема ,,Африканска свинска чума“

јули 24, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во земјава нема „африканска чума“, ниту кај свињите на комерцијалните фарми, ниту кај популацијата диви свињи, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Сепак, како што рече Атанасов на прес-конференција, болеста е многу блиску, ја има во Бугарија, поради што состојбата будно се следи, нa дневна основа.

-Апелираме, граѓаните кои патуваат во Бугарија и во другите земји каде е потврдено присуство на „африканска свинска чума“, при враќање во земјава, во личниот багаж да не носат храна од животинско потекло. Во спротивно, ќе им биде одземена, истакна Атанасов.

Информира и дека се засилени контролите на граничните премини, и од страна на официјалните ветеринари и од страна на царинските службеници, а поставени се и бариери за дезинфекција поради зголемената фреквенција на патници со оглед на летните одмори.

– Интензивирана е и контролата на добиточните пазари, а на сила е и забраната за носење свињи за продажба без потврда за нивната здравствена состојба, потенцира Атанасов.

Воедно најави дека ќе се спроведе т.н. санитарен отстрел во ловиштата по што ќе се земаат и мостри за анализа. Целта е бројот на диви свињи да се сведе на биолошки минимум за да се елиминира каква било опасност од појава или ширење на „африканска чума“. Наредбата за отстрел е веќе издадена.

-Мора да ја подигнеме свеста за болеста на повисоко ниво, а тоа меѓу другото, значи и дека секој треба да си ја заврши својата задача.

Комуналните инспектори во општините да вршат заловување на свињите кои ќе бидат затекнати на јавни површини, одгледувачите во селските домаќинства да ја почитуваат забраната за чување на свињите на отворено, да не ги пуштаат на паша, бидејќи постои ризик да дојдат во контакт со дивите свињи кои може да ја пренесат болеста, ловџиите, ловните друштва, шумарските работници и собирачите на шумски плодови да го пријават секое угинување на диви свињи кое ќе го
забележат до официјалните ветеринари или до најблиското ветеринарно друштво, а ветеринарните друштва будно да ја следат здравствената состојба на свињите во одгледувалиштата и до официјалните ветеринари да го пријават секој сомнеж за појава на оваа болест, напомена Атанасов.

Според него, многу е битно и вработените на комерцијалните фарми да не се занимаваат со лов на диви свињи, ниту да чуваат свињи.

Директорот на АХВ потсети дека се спроведени биосигурносни мерки во сите големи комерцијални фарми каде се застапени до 40 отсто од гоениците, додека останатите 60 проценти кои ги чуваат селските домаќинства би било добро да ги испочитуваат препораките.

„Африканската свинска чума“ првпат се појави во 2007 година, во Казахстан, но брзо се прошири и во другите земји. Денес ја има во Романија, Унгарија, Естонија, Латвија, Летонија, Белорусија, Украина, Полска,… Болеста не е опасна за луѓето, но брзо се шири и е погубна за свињите. Особено се големи економските загуби, ако навреме не се интервенира и спречи.

АХВ во континуитет презема мерки за заштита. Како што потсети директорот, донесени се забрани за увоз и транзит на свињи, производи и нус производи од свинско месо од земјите и регионите каде е потврдено присуство на болеста, а од 2017 година почна и мониторингот на присуство на „африканска чума“ кај дивите свињи. Изработен е План за итни мерки и оперативен прирачник за справување со „африканска чума“.

а нема актуелно свинска чума северна македониј
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.