Во моментов во Италија има 24 жаришта на свински грип и оваа сложена ситуација бара крајна внимателност, изјави денеска комесарот за африканска свинска чума, Џовани Филипини.
-Во моментов имаме 18 жаришта во Ломбардија, пет во Пиемонт и едно во Емилија-Ромања. Мораме да бидеме внимателни. Ситуацијата е сложена, но да се нарече драматично би било претерување.
Тоа е ситуација поврзана со бран на епидемија, изјави комесарот Филипини за АНСА.
Филипни додаде дека „е јасно дека постои голема загриженост кај земјоделските здруженија“.
Фото :МИА







